Контакт

Вести

Папата ги повика христијаните од Блискиот исток да не се исклучуваат

Објавено пред

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во сабота на вториот ден од својата посета на Турција, во текот на средбата со претставниците на католичката заедница во Истанбул ги повика загрозените католици на Блискиот исток да не се исклучуваат меѓусебно со заживувањето на старите поделби и контроверзии, откако претходно на кусо се помоли во познатата Сина џамија, во рамките на неговите настојувања за промовирање на меѓуверскиот дијалог во сунитската муслиманска земја во чиешто соседство, во Ирак и во Сирија беснее секташката војна во којашто страдаат и тамошните христијански заедници.
 

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во сабота на вториот ден од својата посета на Турција, во текот на средбата со претставниците на католичката заедница во Истанбул ги повика загрозените католици на Блискиот исток да не се исклучуваат меѓусебно со заживувањето на старите поделби и контроверзии, откако претходно на кусо се помоли во познатата Сина џамија, во рамките на неговите настојувања за промовирање на меѓуверскиот дијалог во сунитската муслиманска земја во чиешто соседство, во Ирак и во Сирија беснее секташката војна во којашто страдаат и тамошните христијански заедници.

 

„Нашата одрана може да се манифестира со претерано вкопување во сопствените идеи. Бидејќи секогаш е поедноставно и попријатно да се вкопува во сопствените ставови кои не се менуваат“, рече папата Франциск.

„Инсистирањето на нашите посебности и исклучивости не’ доведуваат до поделби“, посочи папата пред неколку стотина католички верници во малата катедрала на Светиот дух на литургија на којашто присуствуваа и православни верници од Истанбул.

Откако во саботата наутро ги посети Сината џамија и црквата Света Софија, папата Франциск во просториите на истанбулскиот нунцијат се сретнал со католиците од различни обреди, како што се сирискиот, ерменскиот, калдејскиот и латинскиот.

Подоцна папата Франциск ќе се сретне со патријархот на Цариградската патријаршија Вароломеј Први, со кого треба да ги приближат двете цркви кои се оддалечија по расколот во 1054 година.

Светиот отец, како и неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти пред осум години, ја заврши својата посета на џамијата на султанот Ахмед Први попозната како Сината џамија, изградена во XVII век со „клањање во молк“, објави Ватикан. Папата во придружба на големиот истанбулски муфтија Рами Јаран кој се молеше, кусо контемплираше со затворени очи и преклопени раце, според соопштението на Светата столица.

Беше тоа убав момент на меѓуверски дијалог. Се случи истата работа како и пред осум години со Бенедикт Шеснаесетти“, изјави портпаролот на Ватикан, монсињор Федерико Ломбарди.

Папата пред двата храма денес споменици на културата го дочекаа одвај илјада луѓе, што според медиумите покажува за строгите безбедносни мерки што ги преземаа турските власти како и за малиот интерес за папската посета од страна на Турците коишто се сунитски муслимани. Во Турција живеат речиси 80 илјади христијани меѓу 75 милиони муслимани.

Папата Франциск веднаш по пристигнувањето во петокот ги истакна „пламените напори“ на турските власти коишто примија речиси два милиона бегалци од Ирак и од Сирија, меѓу кои и неколку илјади христијани коишто претежно се засоленти во Истанбул пред војната и џихадистичката закана. Првиот ден од посетата на Турција, челникот на католиците изрази жалење поради „жестокиот прогон“ и „нечовечните постапки“ кон христијаните во споменатите земји, осудувајќи го тероризмот и фундаментализмот од која и да страна да доаѓаат.

Притоа потсети дека властите се должни да ги штитат верските слободи „давајќи има исти права“ на сите граѓани, без оглед на верската припадност./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија1 час

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ2 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ2 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија3 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија3 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет3 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија4 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет5 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет6 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет6 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет6 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија19 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет19 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ24 часа

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија1 ден

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија1 ден

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ1 ден

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...