Македонија
Поради технички зафати без струја делови од Скопје
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, поради веќе закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат:
од 9:.00 – 13:00 часот дел од с. Љубош на стариот пат за с. Батинци (о. Студеничани);
од 9:00 – 14:30 часот дел од Ново Село и тоа улиците 1, 2, 4, 6, 8, 10, 26, 30, 32, 34, 36, 100 и 108 како и ООУ „Тихомир Милошевски“ (о. Ѓорче Петров);
од 9:00 – 15:00 часот дел од ул. Христо Татарчев – подулици 14, 16 и 18 (о. Кисела Вода) и во време од 10:00 – 12:00 часот ул. Александар Мартуков од бр. 3 – 23 (о. Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес
Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата.
За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес.
Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите и рече дека ќе ги следат изборите низ државата, во сите големи градови, но и во руралните средини.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавија технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ-ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право и само три од нив се одбиени.
Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 избирачки места, гласале 4,45 %. Според податоците на ДИК, најголем одѕив има во Пробиштип, а најмал за парламентарните има во Боговиње (1,43 %).
Во Македонија утрово почнаа парламентарните избори и вториот круг од претседателските.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480 беа отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.