Македонија
(Видео) Митева: Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво
Ниската доверба на граѓаните во градоначалниците на СДСМ се темелела на катастрофалните состојби во општините. Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво, нагласи денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Еден од примерите кои до сега се евидентирани е случајот во општина Бутел каде што 40 луѓе биле на платен список, а истите не оделе на работа ниту ги извршувале своите работни обврски. Задоволување на партиските интереси пред интересите на сите граѓани бил принципот на кој функционирале градоначалниците на СДСМ. Исто така, поголемиот број општини се оставени со огромни долгови, општинските каси се испразнети, а проекти кои би требало да се реализираат речиси и да нема“, вели Митева.
Според неа, градоначалниците на СДСМ срамно ги убедувале граѓаните дека се најдобри, додека реалноста како што истакна е сосема поинаква.
„Безредието и хаосот беа резултатот кој граѓаните го добиваа со најнеспособната локална власт на СДСМ до сега. Ова се европските вредности кои власта на чело со СДСМ се обидува да ги презентира пред граѓаните. Спротивно на вистинските европски вредности, четирите карактеристики на СДСМ се злоупотреба на функциите, недомаќинско работење, стагнација и уназадување“, потенцира Митева.
Додаде дека Заев, премиерот во заминување, ги лажел, како што кажа, граѓаните во предизборието дека може локалната власт да го продолжи својот пат кон европските вредности, за денес да ја манипулира јавноста дека тој е единствениот кој негува европски вредности.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, напомена Митева додавајќи дека истовремено ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементира сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

