Македонија
(Видео) Арсовски: 1 милијарда причини и над 1 милијарда евра украдени пари, доволни за оставка на Заев
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Зоран Заев, за кого рече дека е премиер во заминување, да имаа срам и одговорност колку што крадат изминативе години и лажат, сега веќе ќе имаше оставки и ќе беа паднати од власт. Оставката на Заев стана исто како и оставката на Венко Филипче. Едниот одговорен што изгореа 14 живи луѓе во модуларната болница во Тетово и починаа над 7.000 од корона, а другиот одговорен за пропаста на Република Македонија, рече Арсовски.
Тој вели дека лагата за оставката е измамнички потег, манипулаторски, срамен и потег на очаен криминалец како Зоран Заев, којшто сепак е премиер во заминување и мора да си оди.
„Има над 1 милијарда причини да си оди Заев од политиката и да си даде оставка. Прва од тие 1 милијарда причини е што тој лично е одговорен за украдени над 1 милијарда евра, пари на граѓаните. Нема тендер којшто не е наместен или за тоа да не е задолжен неговиот брат“, вели Арсовски.
„Се киднапираат пратеници во Собрание како да е наједноставна политичка алатка за функционирање. Зоран Заев е киднапиран човек од неговите лични криминални пориви и тоа веќе сите го знаат. Тој е толку киднапиран од неговиот порив за криминал што мора да киднапира други пратеници. Во МВР со државни ресурси, високи лица од МВР, командири, шверцуваат дрога, во случај каде што сите знаете е вмешан и човек кој е близок, односно човек од семејството на Зоран Заев и повторно за тоа никој не сноси одговорност“, нагласи портпаролот на опозициската партија.
Образованието, додаде тој, никогаш не било полошо од сега.
„Книги се фрлаа во контејнери и се палеа како да сме окупирани од талибанци. Всушност, окупирани сме од мафијашки наркокартел кого го интересира единствено криминалот и никаков напредок за државата, идните генерации и економијата. Заев да има малку, ама барем малку срам, како што го нема, сега ќе имаше дадено оставка од позицијата премиер и ќе сносеше одговорност“, подвлече Арсовски.
Оцени дека ако Заев не сака да даде оставка, граѓаните сами ќе му ја испорачаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

