Македонија
Џафери-Ал-Гобаш: Интензивирање на односите со Обединетите Арапски Емирати
Во рамките на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и делегацијата составена од пратениците Хусни Исмаили, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив, Дарко Каевски и Бедри Фазли, членови на групата, денес се одржа средба со Сакр Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет на ОАЕ. На средбата присуствуваа и членовите на Парламентарната комисија за пријателство со парламентите од европските земји.
Спикерот Ал-Гобаш истакна особено задоволство од можноста на непосреден начин да разговараат за важни прашања од билатералните односи.
Информираше за Експо Дубаи 2020 и го оцени како голем настан за државата, но и глобално бидејќи ги враќа животот и надежта кај луѓето дека сме на крај на оваа пандемија. Исклучително му е драго за присуството на Република Северна Македонија со свој павилјон, бидејќи државата има можност да ги презентира своите економски потенцијали, култура, историја. Ал-Гобаш изрази очекување дека во иднина ќе се зајакнат заемните односи и врски на секој план и меѓу сите државни институции од двете земји, информираа од кабинетот на Џафери.
Претседателот Џафери изразил задоволство од првата заедничка средба, која коинцидира со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и посочил дека очекува одличното ниво на дијалог, соработка, меѓусебно почитување и разбирање да продолжи со истата динамика и во иднина, што ќе резултира со корисна соработка во сите области од заеднички интерес, бидејќи ги поддржуваме истите заложби за мир и стабилност, регионално и глобално. Помошта од ОАЕ во справувањето со Ковид-19 пандемијата, како и поддршката на нашето учество на Експо 2020, се показател за пријателските врски и одржливи и стабилни релации.
Претседателот Џафери го запознал својот домаќин со актуелните предизвици на Република Северна Македонија на надворешно политички план, очекувањето за почеток на преговорите со ЕУ и членството во НАТО. Истакнал дека на внатрешен план во земјата се негуваат меѓуетничките односи и верската толеранција. Како членка на глобалната алијанса против тероризам, нашата земја е посветена во борбата против ова зло, а сме заинтересирани да ги користиме и искуствата на Меѓународниот центар за борба против насилниот екстремизам „Хедаја“, чиј основач се ОАЕ, се нагласува во соопштението.
Претседателот Ал-Гобаш упатил јасни и недвосмислени пораки дека секое мешање во религиските прашања, кои мора да егзистираат одделно од државните политики, може да доведе само до нетрпеливости и конфликти. Затоа е потребно сите држави високо на агендата да ја стават верската толеранција, коегзистенцијата на различните културни и јазични особености, и да ја исклучат интерпретацијата на религиозните изразувања која води кон недоразбирања.
Во однос на парламентарната соработка, двајцата соговорници споделија идеи за плодна, конструктивна и интензивна парламентарна соработка преку пратеничките групи за соработка и на ниво на комисии. Двајцата претседатели разговараа и за мирот и безбедноста на Блискиот Исток и Арапскиот Залив, кој се рефлектира во целиот свет и кој е особено значаен за Израел и Палестина, за Абрахамскиот договор како клучна пресвртница во односите меѓу ОАЕ и Израел, потоа за последиците од авганистанската криза и справувањето со бегалците, како и за други актуелни надворешнополитички предизвици, пишува во соопштението.
По завршувањето на оваа средба, следеше потпишување во Книгата на посетители и билатерална средба меѓу двајцата претседатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

