Македонија
(Видео) Петровска: Телохранителот на Мицкоски, со договор вреден 500.000 евра, е дел од скандалот со парцелите!

На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра, потенцира на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
Истите парцели, дополни Петровска, само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.
„Прашањето на кое одговор треба да даде истрагата е дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец? Според информациите во медиумите, се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица. Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски. Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски“, нагласи пратеничката од редовите на СДСМ.
„Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, е вреден неверојатни 500.000 евра! Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал. Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?“, додаде Петровска.
„Затоа ли брзавте да изгласате недоверба? За да го скриете овој скандал?“, праша таа.
Додаде дека јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции, како што рече, треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, велат од „Влен“.
„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.
Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.
ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Рашче, Бојане, Копаница, Горно и Долно Свиларе, Радуша и Кондово (Општина Сарај ) и дел од нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с. Таор. (Општина Зелениково)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на дел од ул.Благоја Гојан и ул. Рилски конгрес.(општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Коле Неделковски, (од ул. Ленинова до Градинката). (Општина Центар)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Домазетовска во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Осло. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците во околината на објектот на ул. Козле бр. 149. (Општина Карпош)
· од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Речиште и Герника во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица.