Македонија
Мицкоски: Оваа влада ќе замине и тоа треба да се случи на избори, кои ќе се случат час поскоро
Некои очекуваат на вака мафијашка реакција од страна на власта да следи таква реакција и од другата страна, но ние тоа нема да го направиме. Нема да се спуштиме на нивно ниво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Драчево, општина Кисела Вода.
„Тие го деградираа и Собранието и институцијата пратеник. Напротив ние ќе работиме само за граѓаните. Ќе го реализираме ветеното, а нашата крајна цел е промена на оваа криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ и формирање влада која ќе работи за граѓаните, влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и така ќе делува, ако мислите дека ќе правиме опструкции на буџет од кој пензионерите земаат пензии, други земаат плата. Имаме повеќе од 22 амандмани и очекуваме да бидат профатени од оваа власт во заминување. Тоа се амандмани за народот. Треба да ги поддржат затоа што се за народот кој сака подобар живот“, рече Мицкоски.
„Владата сигурно ќе замине, и тоа треба да се случи на избори кои ќе се случат час поскоро“, укажа тој.
„Апелирам да се соземат и да разберат дека се поразени и да има избори и да дојде народна влада. Вистинска прогресивна влада. Сега имаме состојба 60 пратеници на опозиција, 59 на власта и еден кој не знам каде е“, рече Мицкоски.
Според него, во услови на криза треба лидерска средба, но за што би се разговарало сега на таква средба.
„За мене од овој пратеник што читаше од лист со бела позадина поголем срам е што пратениците се бојкотираа сами себе. Не сум слушнал за тоа, замислете каква дрскост не им дозволија да бидат дел од процедурата, парламентот. Тие се избрани од народот и треба да работат за народот“, заклучи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

