Вести
Актери повикуваат да не се гласа за Трамп, се вклучуваат во кампањата на Клинтон.ВИДЕО
Холивудските актерски ѕвезди, меѓу кои и Роберт Дауни Џуниор и Скарлет Јохансон, со видео порака објавена во средата ги повикуваат Американците да се запишат на избирачките списоци за да можат да излезат на претседателските избори, истовремено повикувајќи ги да не гласаат за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, а актерската екипа од популарната телевизиска серија „Западно крило“ ќе се ангажира викендов во кампањата на демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Станува збор за иницијативата „Save the Day“, еден вид одбор за политичка акција која помага во финансирањето на кампањата на еден од претседателските кандидати, во случајов на Демократската партија, Хилари Клинтон. Одборот го основа американскиот режисер Џос Ведон а снимката започнува како порака на овој, како што се декларира, јавен сервис, кој тврди дека единствената цел му е да ги поттикне Американците да се пријават и да се запишат во избирачките списоци.
„Во вторник на 8-ми ноември, оваа земја ќе ја донесе најважната одлука во својата историја, а вашата обврска е да учествувате во носењето на таа одлука“, порачуваат еден по друг Дауни Џуниор и Скарлет Јохансот.
Меѓутоа, наскоро тонот и атмосферата на пораката се менуваат, а избирачите се повикуваат да не гласаат за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, неспоменувајќи го конкретно неговото име. „Можеме да ставиме крај на кошмарот и пред да започне“, вели актерката Џулиан Мур.
Меѓу актерите кои учествуваат во видео пораката се појавуваат Џејмс Франко, Дон Чедли, Стенлу Тучи, Марк Рафало, Мартин Шин и Нели Патрик Харис.
Сакајќи да внесат малку хумор во пораката, актерите на гледачите и избирачите им ветуваат дека, доколку нивните сограѓани се запишат на избирачките списоци, актерот Рафало во неговиот следен филм ќе одигра сцена потполно гол.
Истовремено актерската екипа на некогаш популарната телевизиска серија „Западно крило“, дел од Белата куќа, најави дека во текот на викендот ќе се ангажираат во вистинска претседателска кампања, онаа на Хилари Клинтон.
Групата актери од фиктивната Бела куќа во која претседател е демократ, Ричард Шиф, Алисон Џејни, Бредли Витфорд, Дул Хил, Џошуа Мелина и Мери Меккормак, од серијата која се прикажуваше од 1999 до 2006 година, ќе ја следат демократската кандидатка за претседателка на САД во клучниот дел од кампањата во сојузната држава Охајо, учествувајќи на неколку предизборни собири, соопштија од штабот на Клинтон.
„Актерите ќе учествуваат во кампањата на теренот, и на избирачите ќе им откријат зошто тие ја поддржуваат Хилари Клинтон, а ќе ги повикаат и жителите на државата Охајо да се запишат на избирачките списоци за да може да гласаат и да се ангажираат во организацијата на своите заедници пред изборите во ноември“, се наведува во соопштението.
Вдахновена од животот во Белата куќа, серијата „Западно крило“ го прикажуваше секојдневниот живот на фиктивниот претседател на САД од Демократската партија, кого го играше Мартин Шин и неа неговите соработници. Серијата беше прикажувана седум сезони и освои три Златни глобуса и 25 награди Еми./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.