Спорт
Кинезите не се запознаени со ситуацијата со Пенг, тоа не е дипломатско прашање
Министерството за надворешни работи на Кина во петокот објави дека тие не се запознаени со контроверзиите во врска со тенисерката Пенг Шуаи, која наводно исчезна по обвинувањето висок функционер на Комунистичката партија за сексуален напад.
Портпаролот на Министерството, Жао Лиџијан, изјави дека тоа не е дипломатско прашање и дека лично не е запознаен со ситуацијата.
Пенг, 35-годишната поранешна тенисерка број 1 во двојки со титули од Вимблдон во 2013 и „Ролан Гарос“ во 2014, се јави со писмо до претседателот на ВТА-турнејата, Стив Сајмон, но тој се сомнева во веродостојноста и најави дека женската турнеја може да ја бојкотира Кина доколку не се пронајде Пенг.
„Ние, дефинитивно, сме подготвени да го повлечеме нашиот бизнис од Кина и да се соочиме со сите компликации што го носи тоа. Ова е поголемо од бизнисот, жените мора да бидат почитувани, а не замолчувани“, изјави Сајмон за Си-ен-ен иако потврди дека Кинеската тениска федерација им потврдила дека Пенг е во Пекинг и дека ништо лошо не ѝ случило.
Во исто време, легендарната Серена Вилијамс на социјалните мрежи ја поддржа кампањата за Пенг.
„Шокирана сум од вестите за Пенг Шуаи. Се надевам дека е безбедна и ќе биде пронајдена што е можно побргу. Не смееме да останеме тивки. Праќам љубов до неа и до нејзиното семејство во ова тешко време“, напиша Вилијамс.
I am devastated and shocked to hear about the news of my peer, Peng Shuai. I hope she is safe and found as soon as possible. This must be investigated and we must not stay silent. Sending love to her and her family during this incredibly difficult time. #whereispengshuai pic.twitter.com/GZG3zLTSC6
— Serena Williams (@serenawilliams) November 18, 2021
Се јави исчезнатата кинеска тенисерка Пенг: Се одморам, не објавувајте лаги
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

