Спорт
Ѓоковиќ како воз преку Нори за подготовка за мега-дуелот со Зверев
На Новак Ѓоковиќ му беа потребни само 68 минути за да ја забележи третата победа во третиот меч на АТП финалето во Торино, декласирајќи го Британецот Камерон Нори со 6:2/6:1, за да го потврди првото место во Зелената група на завршниот турнир.
Сега, за него во полуфиналето следува дуел со Германецот Александер Зверев, кој има одлична сезона и кому му е стар „должник“ за поразот во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио, каде што Зверев потоа стигна до златото, а Ѓоковиќ си замина без медал.
Во второто полуфинале на завршниот турнир се среќаваат светскиот број 2, Русинот Данил Медведев и најголемото изненадување на турнирот, Норвежанецот Каспер Руд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Има шанси да се откажам
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не ја исклучи можноста да се повлече од Ролан Гарос.
Новак го повреди коленото во осминафиналето против Франсиско Серундоло, кого го совлада со 3-2 по повеќе од четири и пол часа борба.
На конференцијата тој беше запрашан дали има шанси да се повлече од Ролан Гарос.
Во вторник ќе направи магнетна резонанца и ќе види што ќе се случи понатаму.
“Постои шанса да се откажам. Зависи од тежината на повредата, колку е направена штета. Веќе не е во мои раце. Дозволете ми да се молам, се да биде како што треба. Вечерва, утре, ќе се обидам да направам уште некои работи за да го забрзам закрепнувањето, коленото е, можеби главниот зглоб нешто со некои мускули, но коленото… Тоа е мускул, а методот и пристапот кон закрепнувањето е различен. Сè почесто се случуваат непланирани повреди и вакви инциденти. Можам да се пофалам дека имав толку долга кариера со толку малку повреди“, рече Ѓоковиќ.
Многумина велеа дека Новак не е во форма.
„Луѓето сакаат многу да зборуваат и коментираат, судат. Луѓето сакаат да судат од удобна фотелја. Што се однесува до состојбата на коленото, не би навлегувал во детали. Не чувствувам дека е соодветно да го споделам со вас, се надевам дека ќе добијам позитивни вести утре по магнетната резонанца, па ќе видиме до каде сме и што треба да правиме“.
Доколку реши да продолжи, ривал во четвртфиналето ќе му биде Каспер Руд.
Спорт
Железниот човек Ѓоковиќ посилен од повредата и Серундло – Избори четвртфинале по четири часа и 39 минути
Новак Ѓоковиќ одигра уште еден епски меч на Ролан Гарос. Светскиот број 1 во осминафиналето по четири часа и 39 минути беше посилен од повредата и 23. носител на турнирот Аргентинецот Франциско Серундоло.
Ѓоковиќ славеше во пет сета со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:4. Србинот во претходната рунда играше четири и 26 минути и сега се поставува прашањето, под услови неговото колено да биде како треба, како ќе го издржи наредниот дуел.
Откако рутински го доби првиот сет, Ѓоковиќ на почетокот на вториот побара лекарска помош. Се пожали на болка во пределот на десното колено. До крајот на вториот сет, кој Серундоло го доби се брејк во 11.гем, лекарот константно беше присутен на секоја пауза.
Проблемите со коленото кај Ѓоковиќ беа евидентни во третиот сет. Видливо беше дека тешко се движи. Аргентинецот го искористи тоа со 6:3 направи пресврт и поврде со 1:2 во сетови.
Дали лековите што ги доби против болка почнаа да делуваат во четвртиот сет, тоа знае само Ѓоковиќ, но тој полека започна да го крева нивото на играта. Направи брејк во седмиот гем, а од тој момент освои шест од наредните седум гемови. Не само што изедначи во сетови туки и поведе со 2:0 во решавачкиот сет. Серундолу сепак успеа да го врати брејкот, а потоа гледавме нестварна борба.
Брејк направи Ѓоковиќ во деветтиот гем и тоа во ситуација кога Серундоло имаше 40:0. На крајот релатвно лесно го доби својот сервис и прослави уште една неверојатна победа.
„Денес, уште еднаш, голема, голема благодарност. Како и на претходниот меч, победата е ваша. Ова е ваша победа и против Мусети губев со 1:2, беше 2:2 во 4. сет, енергиите се сменија, ми дадовте енергија и вечерва. Благодарам, што да кажам. Ова можеби беше меч кој можев да го загубам, бев на неколку поени до пораз, му честитам на Серундоло за начинот на кој играше. Направи да ми биде тешко. Како го најдов патот до победата, не знам. Единственото објаснување сте вие“, рече Новак по мечот.
Во четвртфиналето ќе игра против Тејлор Фриц или Каспер Руд.
Спорт
(Видео) Убедлив пораз на Македонија од Хрватска
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Хрватска. Пријателскиот натпревар во Риека, Хрватите го добија со 3:0.
Натпреварот во Риека покажа дека Македонија нема капацитет да се носи со елитните европски репрезентации. Хрватска и со комбиниран состав убедливо славеше.
Македонија имаше неколку обиди во првата половина од првото полувреме, но впечатокот е дека нашите момци немаа јасна идеа како да дојдат до голот на Ливаковиќ.
Хрватска победи со головите на Ловро Маер во 10. и 45., односно Марко Пашалиќ во 79.минута.
Маер првиот гол го постигна од слободен удар, а вториот по извонредната аситенција на Петковиќ. Миленикот на домашната публика Марко Пашалиќ го постигна првиот гол во националниот тим, откако Димитиревски го одбрани ударот на Будимир, а тој ја спести топката под гредата.
Македонија на 10.јуни ќе одигра пријателски натпревар против Чешка.