Спорт
Адетокумбо фантастичен, Бакси заиграа како шампиони
Предводени од првата ѕвезда, Јанис Адетокумбо, Милвоки бакс стигнаа до 117:108 победа над Орландо меџик, конечно, покажувајќи дел од играта која ги направи актуелни шампиои во НБА лигата.
Адетокумбо имаше фантастични 32 поени и 20 скока, а заврши и со 5 асистенции и 2 украдени топки, а Орландо немаа одговор за неговата игра. Боби Портис со 24 поени и 15 скока му помогна за победа, додека кај поразените, Ер-Џеј Хемптон имаше 19 поени.
Милвоки се само 10. во Источната конференција со 9-8 скор, додека Орландо се последни со 4-13.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Њу Орлеанс 111:94
Вашингтон – Мајами 103:100
Аталанта – Шарлот 115:105
Бостон – Оклахома Сити 111:105
Милвоки – Орландо 117:108
Минесота – Мемфис 138:95
Портланд – Филаделфија 118:111
Сакраменто – Јута 105:123
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дурент, осми во историјата со најмалку 31.000 поени во кариерата
Кевин Дурент и Амин Томпсон со по 28 поени го предводеа Хјустон до убедливата победа над Феникс (117:98) во НБА лигата.
Против својот поранешен тим, Дурент влезе во историјата на НБА лигата. Четири поени шшто ги постигна во првата четвртина му беа довлни да ја надмине бројката од 31.000 во кариерата.
Седум играчи на вечната листа се пред Дурент: Леброн Џејмс, Крим Абдул-Џабар, Карл Малоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чемберлен.
Доколку 15-кратниот НБА Ол-стар играч остане здрав, веројатно е дека ќе ги престигне Чемберлен (31.419 поени) и Новицки (31.560), а можеби дури и Џордан (32.292) оваа сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Англија е фаворитот на Гвардиола на СП
Тренерот на Манлестер Сити, Пеп Гвардиола, има свој фаворит за Светското првенство, кое наредната година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.
„Би сакал Англија да победи. Тука сум неколку години, дел сум од оваа земја и би сакал Томас Тухел и неговиот тим да го постигнат тоа“, заклучи Гвардиола.
Англија во првата фаза ќе се натпреварува во Л групата, заедно со Хрватска, Панама и Гана.
Првиот натпревар Англичаните ќе го одиграат на 17 јуни против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а четири дена подоцна против Панама.
Foto/ EPA
Спорт
Уште еден централен дефанзивец на Арсенал е повреден
Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA

