Спорт
Ole at the wheel – времеполов во кариерата на Солскјер – 0 трофеи, само 54 отсто победи!
Откако Оле Гунар Солскјер стана „бивши“ во Манчестер јунајтед, британскиот „Гардијан“ ги потсети навивачите на „ѓаволите“ на клучните датуми во периодот во кој Норвежанецот беше на чело на клубот.
19 декември 2018 Јунајтед го именуваат Солскјер како преоден менаџер еден ден откако го отпуштија Жозе Мурињо, а Норвежанецот потпиша договор со Молде еден месец претходно. Коментаторите не се убедени. „Дали, ова се местото каде што се Јунајтед? Навистина, најголемиот клуб на светот со преоден менаџер кој работи во Молде“, се прашува Роби Севиџ.
22 декември 2018 Јунајтед го победуваат поранешниот клуб на Солскјер, Кардиф со 5:1 во првиот меч. Тој станува првиот менаџер на Јунајтед со победа во првите пет меча по Сер Мет Базби во 1946 година и ја добива наградата за менаџер на месецот. „Ова е само почеток“, вели Солскјер.

28 март 2019 По победа во 14 од 19 меча, Солскјер станува постојан менаџер на клубот со тригодишен договор. „Ова е работа за која секогаш сонував“, вели Солскјер. Јунајтед сезоната ја завршуваат на шестото место.
26 јули 2020 На крајот на солидната сезона, Јунајтед завршуваат трети, само вторпат во топ 3 по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон. Играат во полуфиналињата на Лига купот, ФА купто и Лига Европа, но губат во трите дуели.
4 октомври 2020 Јунајтед губат дома со 1:6 од Тотенхем. „Ова е најлошиот ден во мојата кариера како менаџер на Манчестер јунајтед. Но, сме се враќале и порано“, вели Солскјер. Таа сезона, Јунајтед не ја поминува групната фаза во ЛШ, губат во финалето на Лига Европа од Вилјареал. Завршуваат втори на табелата со 77 поени, а забележуваат и легендарна 9:0 победа над Саутемптон.

4 јули 2021 Солскјер потпишува тригодишно продолжување на договорот. Во преодниот рок, „ѓаволите“ се активни и ги носат Џејдон Санчо, Рафаел Варан, а тука е и емоционалното враќање на Кристијано Роналдо. „Под водство на Оле, одиме во вистинска насока“, вели извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд.
18 септември 2021 Јунајтед победуваат со 2:1 кај Вест хем за да постават рекорд – 29 премиерлигашки гостински натпревари без пораз.
24 октомври 2021 Јунајтед губат со 0:5 дома од Ливерпул, во „најцрниот ден“ за Солскјер. „Дојдовме предалеку за да се предадеме. Јас не сум научен така. Ова е најниското, но ја прифаќам одговорноста и одиме напред“, вели Солскјер.

6 ноември 2021 Притисокот расте – Јунајтед губат со 0:2 од Манчестер сити, иако резултатот според играта требаше да биде повисок. „Не сме на исто ниво и мораме да се поглденеме во огледало“, вели Бруно Фернандеш.
20 ноември 2021 Пораз од 4:1 кај Вотфорд. „Тешко е да се објасни, се наоѓаме во тежок момент. Верувам во мојот тим, моите играчи и во самиот себе“, вели Солскјер. Јунајтед на итен состанок на бордот решаваат да го отпуштат. „Оле секогаш ќе биде легенда на клубот“, велат од Јунајтед.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Официјално – Оле Гунар Солскјер си замина од Манчестер јунајтед!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

