Црна хроника
Двајца манијаци нападнале девојчиња во Кочани и Свети Николе
Двајца манијаци нападнале малолетни девојчиња во петокот во Кочани и Свети Николе.
Во петокот вечерта околу 22.15 часот манијак нападнал единаесетгодишно девојче на улицата „Роза Петрова“ во Кочани.
Тој и пришол од зад грб и со двете раце ја фатил по што ја прилепил за себе, а девојчето почнало да вика барајќи помош по што го удрила со мобилниот телефон по главата и успеала да го оттурне од себе и да се ослободи.
Половиот напад во Свети Николе се случил на пладне во влез од зграда додека деветгодишно девојче се симнувало по скалите. Манијакот ја пресретнал, ги соблекол тренерките и полово се задоволувал пред девојчето.
Девојчето се исплашило и избегало, а случајот е пријавен во полиција. Во периодот од 18 до 19 часот во присуство на ОЈО од Свети Николе и претставник од ЦСР- Свети Николе од страна на девојчето било извршено препознавање и бил утврден идентитетот на лицето.
Станува збор за В.О.(46) од Свети Николе и НК-КР-Свети Николе работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.