Македонија
Невидена трагедија, телата се изгорени до непрепознатливост

Според првичните податоци, 4 автобуси на туристичка компанија од Македонија влегле во Бугарија преку преминот Капитан Андреево. Патувале од Истанбул до Скопје.
Телата се изгорени до непрепознатливост, што ќе го отежне нивното идентификување. Непосредно пред трагичната несреќа автобусите застанале на бензинска пумпа за патниците и возачите да се одморат. Засега не се знае дали за време на паузата имало префрлувања патници меѓу автобусите, пренесуваат бугарските медиуми.
„Ова е човечка трагедија непозната по вакви размери. Првичните информации и верзии се дека од Истанбул до Скопје влегле четири автобуси. Во овој автобус имало 52 патници, од кои 12 деца. Во ‘Пирогов’ во моментот се сместени 7 лица, 45 се починати, меѓу нив и 12 деца. Телата беа изгорени до непрепознатливост. До инцидентот патува тим од лекари на судска медицина и од секое тело ќе биде земен примерок за идентификација со ДНК. Првичните информации се дека нема бугарски државјани. Има две верзии: човечка грешка на возачот или дека дошло до ненадеен технички дефект“, изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.