Контакт

Вести

САД го објавија текстот на договорот со Русија за примирјето во Сирија

Објавено пред

Американскиот Стејт департмент објави преку својата служба за односи со јавноста во четвртокот низа материјали коишто се однесуваат на напорите за запирање на повеќе од пет ипол годишната војна во Сирија, меѓу другото и договорот со Русија за намалување на насилствата, воспоставување на (хуманитарниот) пристап и формирање Заеднички извршен центар, на чие објавување инсистираше Москва, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Досега на повиците од Москва, САД да се согласат јавно да биде објавен заедничкиот документ кој пред две седмици по петнаесетчасовни преговори во Женева го постигнаа шефовите на дипломатиите на двете земји Џон Кери и Сергеј Лавров, од Вашингтон одговараат дека не сметаат оти е неопходно да се објават детали од договорот кои се „премногу чувствителни“ за да им се дава публицитет.

„Руската Федерација и САД имаат намера да преземат заеднички напори со цел да се стабилизиран ситуацијата во Сирија со примена на посебни мери во покраината Алепо“, се вели во текстот од договорот.

Во него се истакнува, исто така, дека „поделбата на териториите, кои се под контрола на екстремните сунитски организации Исламската држава и Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда коешто го смени името во Џебхат Фатх ал-Шам), како и под контрола на силите на умерената опозиција, остануваат приоритет“.

Се нагласува и дека сириското воено воздухопловство нема да дејствува во областите во кои се активни терористичките групации, туку воздушните удари врз нивните позиции ќе ги изведуваат САД и Русија.

Во материјалите се наведува дека сите учесници во договорот за запирање на борбените дејствија, „започнувајќи од денот Д“ (12-ти септември) се должни да ги избегнуваат судирите во рок од следните 48 часови. Доколку примирјето се одржи два дена, страните „ќе го продолжат“, договарајќи се за нови рокови.

Договорот предвидува, меѓу другото, создавање демилитаризирана зона во близина на автопатот Кастело крај Алепо. Москва и Вашингтон во рамките заедничкиот центар ќе носат одлуки за мерките против оние сили кои ќе ја нарушат оваа демилитаризирана зона.

Се утврдуваат, исто така, и дејствијата на вооружената опозиција којашто во сирискиот конфликт ја поддржуваат САД наспроти Русија која е сојузник на владата претседателот Башар ал-Асад во областа на автопатот Кастело. Особено, се истакнува дека сириската армија треба да ги повлече оклопните возила и војниците, задржувајќи само две контролни точки. Активностите на бунтовниците, пак, ќе треба да зависат од единиците на сириските Курди, доколку тие „отидат на 500 метри јужно од патот Кастело“, опозициските групи треба да го сторат истото.

Покрај тоа, се гарантира безбедноста на сите кои сакаат да го напуштат Алепо користејќи го патот Кастело, вклучително и бунтовниците, кои всушност се опкружени во неколку квартови на истоимениот втор по големина сириски град. Во договорот се укажува и дека бројот на опозициските борци кои го напуштаат Алепо, и вооружувањето коешто ќе го понесат ќе биде усогласено со Обединетите нации.

Сириската армија во понеделниот 19-ти септември, една седмица по започнувањето на прекинот на огнот, објави крај на примирјето коешто траеше една седмица, како што беше објавено дека е договорено меѓу Русија и САД, обвинувајќи ги бунтовничките групи кои ги поддржува Вашингтон за неуспехот да се одржи прекинот на огнот.

„Сириската армија објавува прекин на огнот кој започна на 12-ти септември во 19 часот во согласност со руско-американскиот договор. Се претпоставуваше дека режимот на прекин на огнот претставува реална шанса да се стави крај на крвопролевањето, но истовремено терористите (како што официјален Дамаск ги именува сите бунтовнички групи – з.р.), не се придржуваа до ниедна од точките на договорот за прекин на огнот, а бројот на нарушувањата од нивна страна надмина 300“, соопшти тогаш командата на сириската армија.

„Сириските воени сили имаа најголем степен на самоконтрола и покрај кршењето на примирјето од страна на терористичките групи. Вооружените сили ја потврдуваат својата намера и решителност да продолжат со борбата против тероризмот за да ја вратат сигурноста и стабилноста во Сирија“, порача сириската армија.

Руското министерство за одбрана соопшти оти смета дека се мали шансите дека примирјето ќе продолжи. „Имајќи предвид дека бунтовниците не ги почитуваат условите за примирјето, сметаме дека е бесмислено сириската војска да го спроведува еднострано“, порача генерал-полковникот Сергеј Рудској. Според него, главниот проблем е што бунтовниците коишто ги подржуваат САД не се одвоија од Џебхат ан-Нусра, бунтовничка група која дејствува како сириски огранок на Ал Каеда, а минатиот месец се преименуваше во Џабхат Фатетех ал-Шам./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет8 часа

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија10 часа

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ10 часа

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија12 часа

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија12 часа

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија13 часа

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија15 часа

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа17 часа

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви наесен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија17 часа

„Влен“: ДУИ партнер на Левицата, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет18 часа

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е една од најголемите почести во неговиот живот во...

Свет18 часа

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа18 часа

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет18 часа

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп, која држи биткоин, беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет19 часа

„Тајмс“: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија1 ден

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија1 ден

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија1 ден

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија2 дена

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...