Македонија
Заев утре ќе ја поднесе оставката од лидерската позиција во СДСМ
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, утре, петок, ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата.
Несреќата на автопатот „Струма“ ги одложи првичните планови за средба на највисоките партиски тела, која требаше да се одржи во вторникот.
Според статутот на партијата, најдоцна 15 дена по утврдувањето на оставката, Извршниот комитет ја носи одлуката за распишување внатрепартиски избори.
Како што најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и иден мандатар. Според неофицијални информации, еден од можните претенденти за оваа функција е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии.
Утре и раководството на партијата на Африм Гаши, Алтернативата, ќе се состане за да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Заев. Гаши претходно изјави дека Алтернативата разговара за двете опции – останување во опозиција или приклучување кон владејачкото мнозинство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

