Црна хроника
Тројца повредени во нова тешка сообраќајна несреќа кај Подмолје
Три лица се повредени, од кои две потешко, во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај Подмолје во близина на хотел „Амбасадор“.
Во сообраќајанта незгода учествувале две патнички моторни возила „застава 101“ и „ауди“, со струшки и дебарски регистарски таблици, јавува Охридњуз.До несреќата дошло кога „заставата“ што се движела во правец од Охрид кон Кичево преминала на спротивната сообраќајна лента и со предниот дел удрила во „аудито“. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, роден 1973 година и сопатникот, роден 1992 година, кои се наоѓале во возилото „застава 101“. Едно лице е со полесни телесни повреди. По несреќата тие се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо.На местото на несреќата е извршен увид од истражен судија, заменик јавен обвинител, екипи на СВР- Охрид и вешто лице.На истото место, само пред неколку дена, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби едно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

