Забава
Парада за Денот на благодарноста: бебето Јода и Снупи ја воодушевија публиката
Тимот шарени ликови се врати на њујоршкото небо во четвртокот воодушевувајќи ги илјадниците луѓе што ги преполнија улиците на традиционалната парада за Денот на благодарноста, организирана од синџирот стковни куќи „Мејси“.
Бебето Јода, Снупи и Папа Штрумф беа меѓу балоните забележани како летаат над преполните улици на Менхетн, а долу на земјата маршираа бендови и изведувачи забавувајќи ја публиката.
Ова беше голема промена од минатата година кога на јавноста ѝ беше забрането лично да присуствува на настанот стар 95 години поради стравувањата за ширење Ковид-19.
Балонот Снупи, редовен од 1968 година, се врати на парадата.

Сегашната верзија – астронаут – е висока околу 49 стопи (14 метри) и има приближно 90 ракувачи.
Бебето Јода, кое ги воодушеви фановите во спинофот „Војна на ѕвездите“, „Мандалоријан“, е нов балон за 2021 година. Но, тој не беше единствениот првпат: ликовите од Покемон, Пикачу и Иви исто така дебитираа како пар.


Патеката на парадата помина 4 км низ Менхетен, а во маршот учествуваа повеќе од 8.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли за правниот процес со Балдони: „Сè се одвива во позадина“
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли открија како двојката се носи со правниот процес со Џастин Балдони.
Британскиот актер Хамфри Кер, во интервју за „Телеграф“, објасни дека парот поминува низ големи проблеми.
„Рајан и Блејк поминаа низ тешка ситуација во последните 18 месеци и на некој начин сè уште поминуваат низ тоа“, рече тој.
Додаде дека интересот на јавноста се зголемува и намалува, но дека ситуацијата и понатаму се одвива во позадина.
Лајвли го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, што тој го негираше. Исто така, се очекува Лајвли и Балдони да сведочат на новото судење во март 2026 година.
Адвокатот на Балдони претходно изјави дека тој знае што не направил, како и што направил.
„Тој сака вистината да излезе на виделина и сака тоа да го направи на соодветен начин. Го чека својот ден на суд, каде што ќе може да проговори и да ја каже вистината“, рече.
Забава
(Видео) Аца Лукас објави видео со „Јовано Јованке“ завиткан во македонското знаме и напиша „Ја сакам Македонија“
Српскиот пејач Аца Лукас, на „Инстаграм“ утрово околу 3.30 часот, сподели видео од изведба на песната „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е облечен во македонското знаме, и во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“, по што доби поддршка од македонските фанови во коментарите.
View this post on Instagram
Ова се случува откако синоќа беше приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град. МВР соопшти дека при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи. Пејачот засгеа не излезе со официјална изјава за инцидентот.
Забава
Како изгледале сестрите Кардашијан пред славата, oбјавена серија фотографии
Кортни Кардашијан сподели носталгични фотографии од 1999 година, од периодот пред семејството да стане светски познато. На Инстаграм објави серија од седум стари фотографии, меѓу кои најмногу внимание привлече божиќна слика на која таа, Ким и Клои позираат во исти пижами со леопардов дезен, држејќи подароци со идентичен украсен папир.
Во текстот се споменува и подкаст-интервју во кое Ким зборувала за раните години на славата и признала дека жали што таа и Кортни не застанале јавно многу порано во одбрана на Клои, бидејќи медиумите различно ја третирале поради изгледот.
Семејството Кардашијан стекна глобална популарност во 2007 година со стартот на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, коe брзо стана културен феномен и ги отвори нивните денешни медиумски и бизнис-успеси.
View this post on Instagram

