Македонија
Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме познати по работа, а СДСМ треба одвнатре да се коригира, вели Мицкоски
Промената на Зоран Заев од лидерската функција, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не значи дека ќе има промени во СДСМ.
Тој нема коментар за тоа каква одлука ќе донесе Алтернативата и дали ќе биде во владината коалиција или ќе остане опозиција.
Според Мицкоски, ако истите луѓе менаџираат со СДСМ, во партијата нема да има промени.
„Вечерва, очекувам да се состанат органите на СДСМ и да одлучат како ќе функционира таа партија. Тоа е нивна работа, нема да се плеткам во нивната работа. На локалните избори 42 градоначалници и плус градоначалникот на Скопје ја добија довербата. Како ќе завршат нивните состаноци е нивна работа. Тие се одговорни за функционирањето на СДСМ. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме посветени на работа и само работа. Ние сме познати по работа, тие по нешто друго. Треба да се коригираат однатре за ‘тоа друго’. На Македонија ѝ е потребен квалитетен СДСМ, а не арамилак и СДСМ, кој е препознаен по неработа. Ако овие луѓе продолжат да менаџираат со СДСМ, не очекувам промени. Ќе најде пион за да го продолжи својот лик и дело. Таму треба суштински да се промени“, рече Мицкоски.
Тој во однос на тоа дали Алтернативата ќе биде дел од Владата, рече дека не разговарал со лидерот на партијата, Африм Гаши.
„Алтернативата има две опции, едната да ја прифати понудата на Зоран Заев и да влезе во оваа Влада, која ја оценуваме со најниски оцени, Влада што можеби е најлошата во овие 30 години независност или да продолжи да биде во опозиција. Тие се оние што одлучуваат за нивната иднина. Немам информации што ќе донесат тие како заклучок, не сме зборувале со Гаши на таа тема. Да почекаме, да бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

