Спорт
Јувентус во преговори со Фулам за Александар Митровиќ

Ако не успеат да се договорат со Фиорентина за Душан Влаховиќ, челнците на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат неговиот соиграч од репрезентацијата, Александар Митровиќ.
Јувентус мора да се засили доколку сака да се вмеша во борбата за врвот во Серија А. Не е тајна дека Влаховиќ е нивна примарна цел, но преговорите со Фиорентина не ветуваат дека трансферот ќе биде реализиран.
Јувентус за напаѓачот нуди 50 милиони евра, Фиорентина нема намера да се откаже од него за помалку од 70 милиони евра.
„Туто спорт“ пишува дека, по натпреварот со Челси во Лигата на шампионите, директорот на Јувентус, Федерико Черубини, останал во Лондон, каде што ги почнал преговорите со Фулам за трансферот на Митровиќ.
Не е познато колку „старата дама“ нуди за најдобриот стрелец на Фулам. Според „Трансфермаркт“, Митровиќ вреди 18 милиони евра. Митровиќ игра во неверојатна форма од почетокот на сезоната. Во Чемпионшип на 18 натпревари има постигнато 21 гол.
Пред две недели постигна гол во 90. минута против Португалија и ја однесе Србија на мундијалот во Катар.
За да направи простор и да собере пари за зимскиот преоден рок, Черубини на продажба ќе ги стави Арон Рамзи и Дејан Кулушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.
„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.
Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.
Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.
Спорт
Нови главоболки за Мареска: Се повреди и Енцо Фернандез

Нови кадровски проблеми за менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Аргентинецот Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден.
Тој се повреди на репрезентативниот собир и сè уште не е познато колку ќе паузира. Ова е голем проблем за Мареска, особено што Кол Палмер е надвор од строј до почетокот на ноември, а одбраната исто така е сериозно ослабена.
Надвор од игра се и Тосин Адарабиојо, Беноа Бадијашил, Весли Фофана, а Леви Колвил ја заврши сезоната уште летоска по тешка повреда на колено.
Сега останува да се види што ќе смисли Мареска по репрезентативната пауза и на кого ќе може да смета за натпреварот против Нотингам Форест, а потоа и против Ајакс и Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.