Свет
Француските рибари го блокираа сообраќајот кон Велика Британија поради дозвола за риболов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/Britain_France_Fishing_Dispute_08281.jpg)
Француските рибари денеска накратко ги блокираа пристаништата во Франција, сообраќајот на траекти преку Ла Манш и влезот во железничкиот тунел под тој канал. Тоа го направиле со цел да ја попречат испораката на стока во Велика Британија.
Рибарите од Франција се гневни и на британските власти кои не им доделиле повеќе дозволи за риболов во водите на таа земја, но и на владата во Париз која не направила повеќе за заштитата на нивните права.
Спорот меѓу Париз и Лондон за дозволите за риболов во периодот по брегзит е еден од факторите на тензијата меѓу двете земји, кои исто така меѓусебно се обвинуваат дека не сториле доволно за да се спречи смртта на најмалку 27 мигранти од брод што потона во средата во Ла Манш.
Риболовната индустрија не е толку важна економски, туку симболично за двете земји.
Претставниците на француските рибари наведуваат дека денешните блокади се симболичен чин на предупредување, бидејќи Британците имаат пристап до европскиот пазар, а Французите немаат пристап до британските води.
Денешните блокади создадоа голем метеж, додека официјалните лица ја опишуваат ситуацијата како мирна.
Компанијата која стопанисува со Евротунелот, преку кој се превезуваат стоки и разни возила, воведе дополнителни 12 товарни возови со цел да се елиминираат доцнењата.
Пред брегзит, француските рибари можеа слободно да ловат риба во британските води.
Тие сега мора да имаат посебна дозвола од британските власти за да ловат риба во одредени области. Повеќето француски бродови ги добија овие специјални дозволи, но спорот сè уште трае поради неколку од нив чие барање беше одбиено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Возач со џип се залета во средношколци кои биле на блокада во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/234.jpg)
Возач со џип денеска се залета во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.
Инцидент бил спречен бидејќи во близина имало полицајци, по што возачот се вратил во автомобилот и заминал од местото, пишува порталот.
Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа две ноќи во училиштето, денеска соопштија дека се разочарани од одлуката на Училишниот одбор наставата да продолжи за учениците кои сакаат да ја посетуваат.
Протестите на студентите се со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во која загинаа 15 лица.
Свет
Зеленски: Зборував со Трамп за постигнување мир во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал значаен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и дека „разговарале за можностите за постигнување мир“.
Трамп му се јави на Зеленски веднаш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
„Имав значаен разговор со американскиот претседател. Разговаравме долго за можностите за постигнување мир, разговаравме за подготвеноста за соработка на тимско ниво и за технолошките можности на Украина – вклучувајќи беспилотни летала и други напредни индустрии“, рече Зеленски во изјавата на платформата X.
Тој му се заблагодари на Трамп за неговиот интерес за „што можат да постигнат заедно“ и додаде дека разговарале и за неговата средба со американскиот секретар за финансии Скот Бесен во Киев претходно истиот ден.
„Претседателот Трамп ги сподели деталите од неговиот разговор со Путин“, додаде Зеленски, нагласувајќи дека никој не сака мир повеќе од Украина.
„Заедно со Соединетите Држави планираме следни чекори за да ја запреме руската агресија и да обезбедиме траен, сигурен мир. „Како што рече претседателот Трамп: „Ајде да го решиме ова“, нагласи тој.
Зеленски додаде дека се договориле да останат во контакт и да планираат идни состаноци.
Свет
Зеленски: Ако не бидеме примени во НАТО, потребна ни е помош од САД – тоа е нашиот план Б
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zelenski46.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ќе и требаат Соединетите држави да помогнат во изградбата на армија толку голема како Русија која ќе служи како „план Б“ доколку неговата земја не биде примена во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Киев е во војна со руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година, па затоа тврди дека пристапувањето во НАТО би било најсилниот и најевтин начин да се спречи Русија да започне нова инвазија на Украина откако ќе се постигне прекин на огнот или мировен договор.
„Ако Украина не е во НАТО, тоа значи дека Украина ќе го изгради НАТО на нејзина територија. Значи, потребна ни е армија толку голема колку што имаат Русите денес“, рече Зеленски во интервјуто за Економист.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека Соединетите Држави не го гледаат членството на Киев во алијансата како дел од мировниот план за Украина.