Македонија
Маричиќ: Политичарите, но и дел од судиите и обвинителите треба да преземат одговорност за да имаме функционални институции
Интересот на граѓаните е да има функционални институции, а за тоа мора и политичарите, но дел и судиите и јавните обвинители да преземат одговорност, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Црна Гора.
Според него воопшто не беше лесна задача да се почне реформирање на правосудството со деструктивна опозиција, со блокади од внатре од институциите и со отворени прашања со соседите.
„Денес имаме правосилни пресуди против поранешни и сегашни функционери, тоа значи дека направивме еден сериозен процес во којшто никој не беше над законот, имаше неселективно спроведување на законот и процес кој мораше да го прочисти правосудството. Тоа не е сè уште не е завршена работа“.
Маричиќ на прашањето за реформите кажа дека целата на Владата е со законодавна интервенција и нормално со имплементација на законите да дојдеме до точка кога ќе имаме доверба во правосудството, одговорност и отчетност на секој судија и секој обвинител, без разлика што имаат неограничен мандат, без разлика што се независна власт, секој којшто е на јавна позиција, на јавна функција треба да се чувствува одговорност и да биде одговорен пред граѓаните..
За евроинтеграциите на земјава, во период којшто следи Маричиќ очекува од Унијата и сите држави членки поголем ангажман затоа што како што вели, единствен начин е тоа да се надмине кризата на европската политика на Балканот.
„Ние како Влада направивме многу последните 4 години и решавањето на спорот со Грција и враќање на државата на проевропскиот пат и крупни реформи, не добивме за жал датум за почеток на преговорите и тоа направи фрустрација кај граѓаните. Тоа е важен сигнал и за Европската Унија“, рече Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.

