Македонија
Регистрирани 463 нови случаи на коронавирус, починаа 15 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: направени се 3.447 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 218, Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани – по 14, Штип – 13, Делчево – 12, Охрид – 9, Струмица и Берово – по 7, Ресен – 6, Крива Паланка – 5, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 4, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 3, Радовиш, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 336 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 29, Прилеп – 25, Велес – 20, Штип и Струмица – по 18, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Куманово – 11, Берово – 8, Неготино и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Делчево, Ресен, Кратово и Гостивар – по 3, Виница и демир Хисар – по 2, Македонска Каменица, Кичево, Радовиш и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 7 починати лица од Скопје (44г, 54г, 61г, 67г, 71г, 73г и 94г), по 2 починати лица од Кавадарци (37г и 72г) и Радовиш (51г и 79г), по едно починато лице од Кратово (93г), Куманово (92г), Прилеп (82г) и Крива Паланка (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.447 тестови преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-128, Биотек-213, Систина-64, лабораторија Лаор-193, Синлаб-18, Ремедика-17, Плодност–36, Генеа-20, Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-59, Ели Медика-56, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.364.
Досега во земјата се направени вкупно 1.465.204 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 93858, Активни 3902
Куманово 12844, Активни 271
Тетово 11307, Активни 158
Прилеп 10140, Активни 433
Битола 8571, Активни 692
Гостивар 8059, Активни 31
Велес 7268, Активни 344
Кавадарци 6902, Активни 306
Штип 6556, Активни 196
Охрид 6415, Активни 280
Струмица 6074, Активни 149
Кичево 4220, Активни 87
Кочани 3975, Активни 201
Струга 3894, Активни 60
Гевгелија 2778, Активни 141
Неготино 2551, Активни 71
Свети Николе 2105, Активни 81
Крива Паланка 1871, Активни 137
Ресен 1727, Активни 108
Радовиш 1711, Активни 69
Дебар 1455, Активни 1
Берово 1420, Активни 97
Делчево 1372, Активни 136
Виница 1148, Активни 41
Пробиштип 1110, Активни 33
Валандово 927, Активни 55
Кратово 758, Активни 57
Богданци 642, Активни 40
Демир Хисар 606, Активни 89
Крушево 580, Активни 27
Македонски Брод 490, Активни 10
Демир Капија 422, Активни 7
Македонска Каменица 412, Активни 69
Пехчево 347, Активни 12
Дојран 161, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.
Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.
Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.
На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

