Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кадар на ДУИ на чело на транспортниот инапекторат, една година не правел контрола во „Беса транс“
Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа, наведува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Дали ДУИ е европска по Бекир Асани кој сред бел ден во центарот на Скопје тепаше полицајка пред очите на голем број очевидци, за после да се врши притисок врз жената да каже дека не ја тепал, туку се удрила во пајак?
Дали европско во ДУИ е Нефи Усеини кој од Охрид направи градежна џунгла и градеше кај ќе стигне?
Дали европско во ДУИ е тоа што кадар на нивната партија на чело на транспортниот инапекторат година дена не правел контрола во Беса транс, која возеше без лиценци?
Дали европски во ДУИ е можеби Шкодране Дардишта за која Владата уште нема коментар после заканите?
Или можеби европско во ДУИ е тоа што се градеа платформи на Матка, дивоградби кај Мавровка?
Кои се кадрите на ДУИ бандитите од ова соопштение?
За какви тоа европски вредности зборува ДУИ?
Кога ДУИ зборува за Европа, е исто како кога криминалец зборува за чесност“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

