Економија
Автомобил на годината за 2022 во Европа: новото PEUGEOT 308 – финалист
Автомобил на годината за 2022: новото PEUGEOT 308 – финалист
На 29 ноември, жирито за „Автомобил на годината во Европа“ (COTY) кој брои 61 член и претставува 23 земји, од 39-те кандидати го избра новиот PEUGEOT 308 хечбег и SW да се приклучи на најтесната листа од 7 кандидати за конечна победа. Ова е 5-ти пат во 9 години модел на PEUGEOT да се најде меѓу финалистите.
Новиот 308, кој го носи новото лого на брендот е заводлив со својот остар и сензуален дизајн, со својата напредна технологија и со неговата ефикасност. Неговата палета на погонски единици, вклучувајќи и два Plug-In Hybrid погони од самото лансирање на моделот, им дава на клиентите моќ да избираат помеѓу електрифицирани и мотори со внатрешно согорување. Целосно електричен мотор наскоро ќе ја комплетира гамата
Нема категории, нема поделби, нема класи: има само еден победник, а победникот на наградата „Автомобил на годината за 2022“ во Европа ќе биде објавен на 28 февруари во Женева (Швајцарија).

Сметајќи од 2013 година, по петти пат PEUGEOT брендот се приклучи на затворениот круг финалисти за наградата автомобил на годината во Европа, овој пат со новиот 308. 208 беше избран на крајот на 2019 година (победник во 2020 година), 508 (хечбег и SW) на крајот на 2018 година, 3008 на крајот на 2016 година (победник во 2017 година) и претходната генерација на 308 (хечбек и SW) на крајот на 2013 година (победник во 2014 година).
Наградата COTY е најпосакуваната во автомобилската индустрија. Жириото составено од 61 член доаѓаат од 23 европски земји. Секој од нив ги избра своите седум финалисти во првичното гласање од долгата листа од 39 натпреварувачи. Списокот на кандидати и финалисти може да се најде на веб-страната за автомобил на годината https://www.caroftheyear.org/

Новиот PEUGEOT 308 ја обновува понудата во С-сегментот на лимузини и каравани. Повеќе од 24.000 клиенти во Европа до крајот на октомври направија нарачки, од кои 22% беа за Plug-in Hybrid верзијата.

Новиот 308 Ве привлекува со своите динамични пропорции и архитектура, нудејќи повеќе простор за патниците во задниот дел. Неговиот дизајн ја рефлектира DNA на PEUGEOT, со вертикалните LED предни светла и светлата во форма на три лавовски канџи назад.
Неговиот i-Cockpit® (компактен управувач, дигитална инструмент табла во висина на погледот, централен екран на допир со копчиња што може да се конфигурираат) и системите за помош при возење кои се од најновата генерација. Новиот 308 ќе биде достапен со хибридни мотори на полнење од 180 или 225 КС, бензински или дизел агрегати.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“
Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ.
„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите. Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции. Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка? Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинија дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оставила земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.
„Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени. Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери. Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, велат од СДСМ.
Економија
Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци
На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.
Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.
„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.
Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.
„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.
„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

