Вести
Пентагон во извештај предупредува на тешкотии во производството на F-35
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/f2035.jpg)
Американското министерство за одбрана во својот извештај нема многу пофалби за завршната фаза од производството на „F-35“, извонредно скапиот борбен авион со многу намалена видливост за радарите кој американската армија постепено го воведува во својот состав.
Како што се наведува во извештајот на службата на Пентагон којашто го надгледува извршувањето на обврските од договорите за купопродажбата на воената опрема, не е сигурно дека американските воздухопловни сили своите први „F-35“ би можеле да ги прогласат оперативни до крајот на 2016 година, како што беше претходно планирано.
Овие летала „можеби нема да ги исполнат бараните технички специфики“, за да бидат прогласен за оперативни, се оценува во документот на одделот за оперативно испитување и оцени. Причина за доцнењето се извонредно сложениот информатички систем на „F-35“ кој „и натаму покажува недостатоци“.
Иако морнаричкиот корпус на армијата на САД минатото лето ги прогласи за оперативни своите први десет „F-35“ со вертикално полетување и слетување, тие всушност се далеку од целосната подготвеноста за борбени задачи, се истакнува во извештајот.
Недостатоците на информатичкиот систем кои сé уште се дотеруваат предизвикуваат „нејаснотии при сигнализирањето на опасностите до пилотот“. Извештајот, исто така, предупредува и на проблемот со седиштето за катапултирање, коешто може да го повреди па дури и да го усмрти пилотот при исфрлување од кабината. Поради тој проблем, за чиешто отстранување можеби ќе биде потребна и цела година, на летачите под 61 килограм забрането им е да управуваат со леталото, се наведува во извештајот.
Конструкторскиот оддел на Пентагон ја отстранил можноста од ново доцнење во програмата, којашто инаку веќе многу доцни. „Нашиот тим се покажа успешен во совладувањето на техничките предизвици (…) и во правовременото извршување на своите обврски“, генерал Крис Богдан кој го води тимот.
Авионот „F-35“ е најскапата воена програма на Пентагон досега, со буџет кој се проценува на 398,6 милијарда долари за 2.443 летала, или 163 милион долари по летало. Досега се завршени 170 вакви авиони.
Овој авион на производителот „Lockheed Martin“ кој без оружје е намалено видлив за радарите, би бил шест пати поуспешен од досегашните борбени авион во борбени дејствија и во извидувачки мисии, а осум пати поуспешен во напад на копно, тврдат неговите конструктори.
Покрај САД, уште десет земји се одлучиле авионите „F-35“ да ги вклучат во своите вооружени сили, а Велика Британија планира да набави 138 од нив./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.