Црна хроника
224 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.
Од нив, според информации од полицијата, 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автобус удри во лице со инвалидска количка во Струга

Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување.
Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка – С.Ч.(66) од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување.
Известен бил надлежен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Две деца повредени во сообраќајка во село Дебреште

Синоќа пред полноќ во СВР Тетово било пријавено дека во село Дебреше се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл арора со гостиварски регистерски таблички управувано од малолетник од селото и патничко возило форд фиеста со гостиварски таблици, управивано од А.Ф.
Во незгодата тешко бил повреден малолетникот кој што го управувал мотоциклот како и неговиот 15 годишен сопатник од село Добри Дол, гостиварско, а констатирани во Ургентниот центар Гостивар. Увид на лице место по овластување на јавен обвинител извршила екипа од ОВР Гостивар.
Топ
Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство.
Според МВР, денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Н.А. избегал, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.