Македонија
Спасовски на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ
Министерот Спасовски денеска е во официјaлна посета на Република Словенија каде што ќе учествуава на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан, што во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањ во Република Словенија.
Министерот Спасовски утрово имаше билатералба средба со координаторот на ЕУ за борба против тероризмот Илка Салми, на која меѓу другото ги претстави постигнувањата на земјата во однос на исполнување на препораките од заедничкиот Акционен план за борба против тероризмот.
Во текот на денот тој ќе учествува на Министерскиот форум и ќе има обраќања на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, на кои ќе ги презентира стратешките цели и активности на нашата земја, согласно утврдените теми на форумот кои се важни сегменти од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.
На маргините на Форумот, министерот за внатрешни работи Спасовски ќе оствари билатерални средби и со Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон и директорката на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот (ЕАСО) Нина Грегори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

