Свет
„Новавакс“: Во јануари 2022 вакцина против омикрон-сојот

„Новавакс инк“ денеска објави дека може да почне со комерцијално производство на вакцината „ковид-19“, која е ефикасна против варијантата на вирусот омикрон, во јануари в година и во моментот тестира дали нејзината сегашна вакцина дејствува против таа варијанта.
Другите производители на вакцини против коронавирусот, „Модерна“ и „Фајзер“, исто така почнаа да работат на производство на вакцина против Ковид-19, која е ефикасна против новиот сој на коронавирусот омикрон.
Лабораториските податоци, кои се очекуваат во наредните недели, ќе покажат дали антителата на лицата што претходно ја примиле вакцината на „Новавак“ против Ковид-19 може да го неутрализираат новиот сој, соопшти компанијата, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за американската стока ако САД воведат царини за Бразил, пишува Би-Би-Си.
Лула така одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави воведување царина од 50% за увоз на бразилски производи од 1 август.
Во писмото, Трамп го наведе третманот на Бразил кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој моментално е на суд за наводен обид за државен удар против Лула откако ги загуби изборите во 2022 година, како причина за зголемувањето на царините.
Трамп го опиша Болсонаро како „високо почитуван лидер во светот“ и рече дека „ова судење не треба да се случува“, повикувајќи го Бразил веднаш да го прекине „ловот на вештерки“ против поранешниот претседател.
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Планираме да купиме американски системи „Патриот“ за Украина

Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да ги испорача овие системи“, рече Мерц на конференцијата за реконструкција на Украина во Рим.
„Министрите за одбрана на двете земји разговараат за можен договор, но конечна одлука сè уште не е донесена“, рече Мерц.
Тој истакна дека на САД им се потребни дел од достапните системи „Патриот“ за сопствена одбрана и не прецизираше колку системи Берлин има намера да купи. ДПА дознава дека се дискутира за два ракетни системи.
Трамп оваа недела изјави дека одобрил испорака на оружје за Украина бидејќи е незадоволен од одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин смислено да учествува во мировните преговори. Подоцна тој рече дека желбата на Украина да добие нови „Патриоти“ ќе биде разгледана.
Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА