Свет
Папата во посета на Кипар, со себе ќе земе 50 мигранти

Папата Франциско со себе ќе земе 50 мигранти од Кипар, изјави кипарскиот претседател Никос Анастасијадис.
Во својот поздравен говор Анастасијадис се осврна на проблемот со бегалците.
„Народот на Кипар лично ја доживеа болката од азил и протерување од домовите на своите предци подобро од кога било. „Како влада покажуваме целосна почит кон заштитата на човековите права“, рече претседателот.
Папата Франциско денеска ги повика Кипарците да бараат решение во дијалогот за да се залечи страшната рана што го дели нивниот остров речиси половина век и порача дека ниту една страна не треба да употребува сила или закани, пренесува „Ројтерс“.
Инаку, папата своето прво патување на Кипар го почна со посета на островската Маронитска катедрала, каде што го пофали Кипар за начинот на кој се соочува со приливот на бегалци.
„Најголемата рана што ја претрпе оваа земја е страшното уништување во последните децении. Мислам на длабокото страдање на сите оние луѓе што не можеа да се вратат во своите домови и места за богослужба“, рече папата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.
Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник, Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.