Спорт
Атлетико Минеиро ја освоија титулата во Бразил
Фудбалерите на Атлетико Минеиро ја обезбедија шампионската титула во бразилскиот шампионат. На три кола до крајот на првенството Атлетико стекна недостижна предност во однос на конкурентите. Атлетико ја освои втората титула во клупската историја, до првата стигнаа пред точно 50 години.
Титулата Атлетико Минеиро ја обезбедија со победата над Баија (3:2).
Одличниот натпревар на „Фонтенова“ стадионот, во Баија, беше решен во последните 30 минути. Баија со два гола за само четири минути, во 62. и 66.минута, Луис Отавио и Жилберто го совладаа голманот на Атлетико.
Гостите имаа одговор, возвратија со три гола за само пет минути. Хулк во 73. минута намали од пенал, минута подоцна израмни Кено, а истиот играч со својот втор гол им ја донесе победата и шампионската титула на Атлетико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона ќе игра во Перу во декември
Барселона ги финализира плановите за пријателски натпревар во Перу во декември за да ја надомести финансиската загуба поради откажувањето на натпреварот во Мајами против Виљареал.
„Барселона се надева дека ќе заработи седум до осум милиони евра од потенцијален пријателски натпревар во Перу, што би било значајно за клубот бидејќи се бори да ги стабилизира приходите“, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот клуб имаше намера да игра натпревар од лигата против Виљареал на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, доби дозвола од лигата, но плановите беа откажани по бројните критики од клубовите, играчите и навивачите и самиот организатор.
Како што објавија медиумите, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, им се обратил на играчите, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко во тренинг центарот и ја потврдил подготвеноста на клубот да ја прифати понудата од Перу.
За време на состанокот, тој ја нагласил финансиската важност на натпреварот, особено имајќи го предвид намалувањето на комерцијалните приходи оваа сезона.
Пријателскиот натпревар би се одржал по последниот натпревар на Барселона во годината во шпанската лига, а пред почетокот на божиќната пауза. Клубот се консултира со Шпанската асоцијација на фудбалери за да се осигури дека датумот се совпаѓа со колективниот договор на играчите во врска со официјалниот почеток на празничниот период.
Јужноамериканскиот пазар, особено Перу, претставува голема комерцијална можност за глобалната стратегија на брендот и напорите на Лапорта да ги зајакне врските низ цела Латинска Америка. Барселона одби пет милиони евра за да одигра пријателски натпревар во Либија на почетокот на октомври од безбедносни причини.
Спорт
Реал нема да го казни Винисиус за срамно однесување
Реал Мадрид нема да го казни Винисиус Жуниор за неговото однесување на натпреварот против Барселона.
Бразилскиот репрезентативец му изнакажа секакви работи на тренерот Чаби Алонсо откако го замени 20 минути пред крајот на натпреварот.
Тој продолжи да ја изразува својата фрустрација по натпреварот кога вербално се пресмета со некои играчи на Барселона, поради што доби жолт картон.
Според информациите од Шпанија, односот меѓу Алонсо и Винисиус е сериозно нарушен. За да се смири недоразбирањето, тие ќе разговараат приватно во среда.
Винисиус, беше изоставен од почетната постава три пати оваа година.
Исто така, неговите преговори за продолжување на соработката со Реал не се поместија од почетната точка. Винисиус е под договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година.
Спорт
Партизан го официјализира трансферот на Калатес
Кошаркарскиот клуб Патизан поврди дека нов играч на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е Ник Калатес.
Трансферот на Калатес од Монако во Партизан, беше најавен пред два дена, а претпладнево е официјализиран. 36-годишниот ветеран, во минатото работеше со тренееот Обрадовиќ, кога двајцата беа во Панатинаикос, пред полни 14 години. Таа сезона ја освои Евролигата.
Калатес има 36 години, тој е ветеран во Евролигата кој ја започна својата кариера во Панатинаикос, потоа играше за Локомитва Кубањ, беше во Мемфис, а потоа се врати во ПАО.
Калатес доаѓа во Партизан од Монако, а претходно се прослави бранејќи ги боите на Панатинаикос, Барселона, Фенербахче, Мемфис и Локомотив Кубањ.
Се очекува грлскиот кошаркар да дебитира за новиот клуб во петок, кога во осмото коло, во Евролигата, партизан ќе ја пречека Барселона.

