Спорт
Керик си замина од Манчестер јунајтед
Мајкл Керик, по победата над Арсенал (3:2), поднел оставка на функцијата во Манчестер јунајтед. Керик беше назначен за привремен менаџер, кога Оле Гунар Солскјер доби отказ.
Керик реши да го напушти клубот и покрај тоа што имал понуда да остане и да му биде помошник на Ралф Рангник.
„Времето што го минав во овој голем клуб секогаш ќе го сметам за најдобра период во мојата кариера. Кога пред повеќе од 15 години потпишав договор, ниту во најлудите сништа не можев да замислам дека ќе освојам толку многу трофеи. Никогаш нема да ги заборавам фантастичните моменти кои ги доживеав како играч, а потоа и како тренер. Многу размислував, на крајот решив дека сега е вистинското време да го напуштам клубот“, рекол Керик и дополнил:
„Секогаш ќе бидам навивач на Манчестер јунајтед, ќе доаѓам да ги гледам натпреварите. Би сакал да им посакам среќа на Ралф и неговиот персонал. Се радувам што ќе ги поддржувам овие момци како навивач од трибините“.
Керик во периодот 2006-2018 за Јунајтед одиграл 464 натпревари, освоил пет титули во Премиер лигата, две во ФА и Лига купот и по една во Лигата на шампионите, Лига Европа и Светското клупско првенство.
По завршувањето на кариерата во 2018 година се приклучи на стручниот штаб на Жозе Мурињо, а потоа му беше асистент и на Оле Гунар Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

