Соопштенија
Алијанса за Албанците: Молитви за жртвите, сочувство за семејствата, срам за властите

Денес, кога 45 жртви од трагедијата во Бугарија се испраќаат во вечниот дом, го молиме Бога да ги прифати овие души во својата милост и благосостојба, како и да им даде сила и трпение на нивните семејства со кои ја споделуваме болката, велат од Алијанса за Албанците.
Од оваа партија додаваат дека изразуваат и жалење за начинот на кој оние кои треба да одговараат и да дадат отчет за оваа трагедија, решија да ја продлабочат болката и да ја злоупотребат оваа трагедија со партиски и политички паради.
„Дрскоста на оваа власт, како и во трагедијата кај Ласкарци, Тетово и многу други, дојде до израз во овој трогателен случај. Роднините на кои денес им гори душата, имаат потреба за вистината и правдата, а не за претстави и паради на министри, премиери и партиски лидери на кои не им е ни место таму“, е нагласено во писменото соопштение од Алијанса за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Халкбанк со предвремена исплата на пензии – секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.
Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани. Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.
Пензионерите – клиенти на Халкбанк, не само што имаат сигурност во исплатата на пензиите кои ги добиваат предвреме, туку имаат можност да станат корисници на за нив специјално дизајнираниот Пакет за пензионери, кој вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка и е-банкарство без никаков трошок во првата година. Покрај тоа, пакетот вклучува и симболични подароци за сите негови нови корисници.
Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката.
Халкбанк АД Скопје останува доследна на својата мисија да биде банка која се грижи за сите категории на клиенти, нудејќи финансиски решенија што прават разлика.
(ПР)
Соопштенија
Македонија и Малта заедно за реализација на огромните ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт

На 28 мај 2025 година, во Валета – главниот град на Малта, во рамките на 4-тата Европска конвенција за младинска работа под покровителство на Советот на Европа и Европската комисија, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Националната агенција на Република Македонија и Националната агенција на Република Малта.
Со овој документ, Македонија обезбедува партнерство кон директно користење на најголемите грантови од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поддршка за проекти од стратешко значење, голем обем и долгорочно влијание, особено капитални инвестиции во сферата на образованието, науката, младите и спортот.
Директорот на Националната агенција, Петар Богојески, ја предводеше македонската делегација и лично го договори и потпиша ова стратешко партнерство со неговиот колега од Малта, г-дин Рафаел Скери и отвори нови перспективи за нашите образовни институции, организации и компании, кои досега не пристапуваа до ваков вид грантови и инвестиции.
„Со овој чекор, Македонија влегува во повисока лига на европско партнерство. Овозможуваме пристап до средства што значат вистински развој, конкретни резултати и нови можности за младите, наставниците, истражувачите и иноваторите.“ – изјави Богојески.
Партнерството со Малта, како пријателска и успешна земја-членка на Европската Унија, претставува пример за паметна дипломатија и ефикасно искористување на европската солидарност и средства. Во таа насока силно дејствуваа и м-р Срѓан Каранфиловски, координатор за меѓународна соработка во НАЕОПМ и претставниците на граѓанскиот сектор, дел од македонската делегација.
Македонија денес прави значаен чекор напред – кон европско знаење, кон конкурентно образование и кон европска иднина.
Соопштенија
Повеќе од работа: MINT FinTech создава работна култура што се слави

Дијаманти, признанија и џез: MINT FinTech Group повторно ги награди своите највредни колеги
Во стил кој што ѝ е веќе својствен, MINT FinTech Group го организираше традиционалниот интерен настан „Оскари“, на кој секоја година се наградуваат вработени за нивната исклучителна посветеност, иновација и тимски дух. Настанот се одржа во елегантната атмосфера на Pura Bar, збогатен со жива џез музика, пури и виски, во духот на вистинска гала вечер.
Наградите беа доделени во осум категории, вклучувајќи:
Најкреативна личност, Продажна ѕвезда на годината, Лице на годината во Back Office, Новата надеж (New Star), Најомилен колега, Менаџер на годината, Тимски играч и Mintist на годината.
Дополнително, десет вработени кои годинава слават 5 години работа во MINT FinTech Group добија дијаманти како симбол на благодарност и стабилност. Најемотивен момент беше признанието за вработена која годинава одбележа 10 години лојалност кон компанијата – момент што доби стоечки аплауз.
„Во MINT веруваме дека луѓето не се ресурс – туку срце. И секогаш ќе ги славиме оние што ја движат оваа компанија со знаење, ентузијазам и интегритет.“
– изјави Бујар Драла, HR менаџер на комапнијата.
Со оваа практика, MINT FinTech Group уште еднаш потврдува дека културата на препознавање и вреднување е дел од нејзиниот идентитет – и дека успехот се гради таму каде што лојалноста не е претпоставка, туку приоритет.
(ПР)