Спорт
Леклер се заби во ѕидот со своето Ферари во Џеда, Хамилтон и Мерцедес пак најбрзи
Асот на Ферари, Шарл Леклер, имаше застрашувачки инцидент на вториот тренинг пред саудиското ГП удирајќи со својот болид во ѕидот и предизвикувајќи предвремен крај на сесијата. За среќа, возачот од Монако сам излезе од болидот и потоа со безбедносното возило беше однесен во боксот.
Инцидентот предизвика прекин на сесијата на неколку минути пред крајот по што Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа најбрзи за Мерцедес најавувајќи дека предноста на „сребрената стрела“ ќе биде голема и во претпоследната трка од сезоната. Пјер Гасли во Алфа Таури беше трет најбрз, а лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен, го заврши тренингот на четврто место со многу работа пред утрешните квалификации.
?Destruido el auto de #Leclerc para finalizar el primer día de practicas. Aquí, el video del choque.
pic.twitter.com/jYHp4Q9izb— Deportiva 105.9 ?? (@deportiva1059) December 3, 2021
Lewis Hamilton makes it a Friday double…#SaudiArabianGP ?? #F1 pic.twitter.com/W2R6HYMQF2
— Formula 1 (@F1) December 3, 2021
Charles Leclerc is off into the wall at Turn 22
He is out of his car and confirms he’s okay over the radio. The session has been red flagged and will not be resumed#SaudiArabianGP ?? #F1 pic.twitter.com/KWRttUcl0W
— Formula 1 (@F1) December 3, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хавиер Маскерано го презеде Интер
Фудбалскиот клуб Интер од Мајами го назначи Аргентинецот Хавиер Маскерано за нов тренер. Максерано потпиша тригодишен договор и ќе почне со работа кога ќе се комплетира документацијата. Тој на клупата го замени сонародникот Херардо Тата Мартино, кој поради лични причини го напушти клубот.
Маскерано неодамна работеше со репрезентацијата на Аргентина до 20 години и со олимпискиот тим. Така тој повторно ќе соработува со големата светска ѕвезда Лионел Меси.
Маскерано и Меси беа соиграчи во Барселона и во аргентинската репрезентација. Покрај со Меси, Маскерао во Барселона настапуваше и со сегашните играчи на Интер, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез, кои се очекува да бидат во клубот од Мајами и следната година.
„Да се биде во можност да водам клуб како Интер Мајами е чест и привилегија од која ќе се трудам да го искористам максимумот. Ме привлече непобитната амбиција и инфраструктурата на организацијата. Со нетрпение очекувам да работам со луѓето од Интер за да му помогнам на клубот да достигне нови височини“, изјави 40-годишниот тренер.
Откако Мартино го известил клубот дека заминува, Меси бил консултиран кого би сакал за тренер, па најверојатно Маскерано е доведен со негов благослов.
Мајами го имаше најдобриот учинок во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата со 22 победи, осум нерешени и четири порази и освои рекордни 84 бода, но не успеа да го мине првото коло од плејофот против Атланта.
Спорт
(Видео) Ким го реши дербито во Минхен, Арсенал го декласира Спортинг
Баерн во дербито од петтото коло во Лигата на шампионите го победи ПСЖ со 1:0 направи чекор напред кон борбата за Топ 8, додека ПСЖ падна под плеј-оф линијата со третиот пораз.
Каков распоред имаат парижаните, прашање е дали воопшто ќе изборат место во плеј-офот.
Мечот со многу пропуштени прилики, на двете страни, глупаво добиениот црвен картон на Усман Дембеле го реши корејскиот стопер Ким Мин-Јае во 38.минута.
Робен Аморим замина од Спортинг, немаше добро деби на клупата на Манчестер јунајтед, а водечкиот тим на Португалија со новиот тренер доживеа дебакл од Арсенал (1:5). Победата Арсенал ја обезбеди по само 45 минути кога Мартинели, Хаверц и Габриел ја затресоа мрежата на домаќините. Голот на Игнасио во продолжението не беше посакуваната инјекција бидејќи Сака од пенал ги смири „лавовите“, а Тросар им ја запечати судбината.
Салцбург немаше шанса против Бундес шампионот Баер Леверкузен. Флоријан Вирц со два гола во првите 30 минути ја најви убедливата победа од 5:0.
Резултати:
Слован – Милан 2:3 (1:1)
/Берсегјан 24, Марсели 88 – Пулишиќ 21, Леао 68, Ибрахим 71/
Спарта – Атлетико 0:6 (0:2)
/Х. Алварез 15, 59, Љоренте 42, Гризман 70, Кореа 85, 89/
Барселона – Брест 3:0 (1:0)
/Левандовски 10 пен., 90+2, Олмо 66/
Баер – Салцбург 5:0 (3:0)
/ Вирц 8 пен., 30, Грималдо 11, Шик 61, Гарсија 72/
Баерн – ПСЖ 1:0 (1:0)
/Ким 38/
Интер – Лајпциг 1:0 (1:0)
/Лукеба 27 а.г./
Манчестер Сити – Феенорд 3:3 (1:0)
/Халанд 44 пенкало, 53, Гундоган 50 – Хаџ Муса 75, Хименез 82, Ханко 88/
Спортинг – Арсенал 1:5 (0:3)
/Инасио 47 – Мартинели 7, Хаверц 22, Габриел 45+1, Сака 65 пен., Тросар 82/
Јанг Бојс – Аталанта 1:6 (1:4)
/Ганвула 11 – Ретеги 9, 39, Де Кетеларе 28, 56, Колашинац 32, Самарџиќ 90+1/
Спорт
(Видео) Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0. До крајот Полјакот постигна уште еден гол во победата на Барселона од 3:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.