Македонија
Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изрази уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.
Претседателот ја истакна важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава од прогласувањето на независноста до денес.
Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски го реафирмира очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката на американската администрација и лично на заменик-помошникот државен секретар Ескобар во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.
На средбата претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евро-атлантската заедница.
Пендаровски се заблагодари на поканата за учество на виртуелниот самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

