Македонија
Саемот за градежништво започнува на 1 март
Тринаесетти по ред меѓународен настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација- Саемот на градежништво ќе се одржи од 1-ти до 5-ти март 2016 на Скопски саем.
За време на саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти и ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото.
Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на овогодинешниот Саем на градежништво е да го задржи овој динамичен раст, а за изложувачите и посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.
Во рамките на Саемот на градежништво 2016, во Метрополис Арена по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.
Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кој има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом и се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и RealExpo.
Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда на станови и да го одберат најповолното за себе. На RealExpo ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти и до неколку илјади евра, а кои ќе важат само за саемските денови.
Оваа година со ваква понуда ќе се претстават Адора, Бортас, Дабар, Елена Лука Хоумс, Голден Арт, Козма б, ЗСФ, Колбико, Настел, Капитол Инжинеринг, Хантерс, Импексел 2, Фабрика „Карпош“, Диас Констракшн, Трим и Лум. Како надополнување, достапни ќе бидат и понудите на атрактивни кредити за купување на недвижнини преку комерцијалните банки.
На Саемот на градежништво 2016 повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници како Тондах, Адинг, Интелком, Бим, Младост, Мелмакс како претставник на компаниите Ursa, Schidel, Tim Izolirka, Zorka и др.
Исто така, ќе се претстават и компаниите Ритам трејд, Дака лифтови, Рофикс, Грако (Фрст инг), Хипокс.
Своја понуда ќе имаат и Леокар, Октопуси, Солопром, Бентен Пан, Дујор пром, Бранимир Компани, ХФС лифтинг и реномирани компании од Италија, Србија и Турција.
Од компаниите со програмата – градежна столарија ќе земат учество и Veka, Rehau, Salamander, Профилко, БМГ итн.
Со програмата – врати ќе бидат претставени компаниите Медина, Стил Порте, со програмата – санитарии – Шар Проект, Виварта, Аквалукс, Аквасвисџет и др. Железни конструкции ќе претстават компаниите Каравас и Тоблер.
Учеството на повеќе од 300 претставени компании како и на инвеститорите во рамките на RealExpo – Саемот на недвижнини ќе им овозможи на посетителите, кои се очекуваат во број од 15.000 посетители, ислучителна можност за планирање на своите градежни активности./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

