Македонија
Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и извршило полов напад врз малолетно девојче. Против него, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за измама.
„Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврата на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејство врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот, кој се претставил како оџа, да пее и да го ‘лекува’ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејства. Оштетената од страв во првиот момент не ѝ кажала ништо на мајка си. Кога на 5 декември мајката сакала третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува по што настанот бил пријавен во полиција“, соопштија од Обвинителството.
Истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така ѝ се претставило како оџа, кој ќе ѝ помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека, за да ги отстранат магиите, треба да откопуваат разни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.
За првопријавениот, Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, а за другите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

