Свет
Болница во Бостон отпушти 200 невакцинирани работници

Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс добија отказ бидејќи не се вакцинирале против коронавирусот во одреден временски период.
Вработените во болницата во Бостон имале рок до 1 ноември за целосна вакцинација против Ковид-19, јавуваат агенциите.
Од раководството на болницата изјавиле дека чекале уште еден месец и на крајот ги раскинале договорите со персоналот кој не бил вакциниран.
„Вакцинирани се 98 отсто од персоналот во болницата, а со тие два отсто што дадоа отпор ја прекинавме соработката“, се вели во соопштението.
Во него се наведува дека приоритет на болницата е да ги заштити персоналот и пациентите и дека отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.
Во таа болница во Бостон работат околу 15.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху им испрати порака на заложниците

Бенjамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара додадоа лична порака на пакетите за добредојде што ќе им бидат дадени на заложниците по нивното враќање во Израел.
Црвениот крст моментално е на пат кон северниот дел од Појасот Газа, каде што ќе земе неколку израелски заложници, потврди израелската војска.
Црвениот крст потоа ќе ги транспортира до делот од Газа што е под израелска контрола.
Заложниците потоа ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе ги пречекаат нивните семејства.
По средбата, сите ќе бидат однесени во болници. Хеликоптерите на израелските воздухопловни сили се подготвени веднаш да ги префрлат сите заложници на кои им е потребна итна медицинска помош.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на пат кон Израел, Белата куќа објави снимка од авионот

Трамп е на лет за Израел, каде што треба да се обрати пред израелскиот парламент по ослободувањето на заложниците од Газа.
Портпаролката на Белата куќа објави видео од авионот со пораката: „Нова зора на Блискиот Исток“.
The view aboard Air Force One, as President Trump will soon be landing in Israel.
It’s a new dawn in the Middle East… ☀️🕊️ pic.twitter.com/DzMCf1dS39
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 13, 2025
Свет
Првата група израелски заложници наскоро ќе биде ослободена

Првата група израелски заложници што наскоро ќе биде ослободена ќе вклучува шест лица.
Според извештаите на израелските медиуми, Хамас ќе ги ослободи Матан Ангрест, браќата Гали и Зив Берман, Алон Охел, Еитан Мор и Омри Миран.
Шестете заложници ќе бидат ослободени во северна Газа. Останатите 14 живи заложници ќе бидат ослободени подоцна, во други делови од Појасот Газа.
Семејствата на шесте ослободени веќе се известени, објавија израелските медиуми.
Палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел
Додека возилата на Црвениот крст заземаат позиции во Газа, палестинските затвореници се товарат во автобуси во израелските затвори, изјави за Ројтерс функционер вклучен во операцијата.
Според условите договорени во првата фаза од договорот, Израел ќе ослободи 250 осудени Палестинци и 1.700 лица уапсени по нападот на 7 октомври, откако ќе потврди дека сите заложници ја преминале границата.
фото: принтскрин