Црна хроника
Приведен гостиварец баран за издржување казна затвор
Во Гостиват синоќа бил приведен 54-годишен маж, за неовластено производство и продажба на дрога.
И.А. бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четири пати поевтино, МВР поднесе кривична
Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Двајца скопјани пријавиле дека биле нападнати од соседите во центарот на градот
Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје, 35-годишниот З.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера попладне, во 15.15 часот во СВР Скопје, 39-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор „Скопје“ пронајдена дрога
Денеска во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.