Црна хроника
Претрес во Гевгелија, приведен дилер на дрога
Утрово е приведен 41-годишен гевгеличанец, кај кого била најдена дрога.
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гевгелија го лишиле од слобода К.П.(41) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, повеќе шприцеви со остатоци од течност и повеќе кутии таблетки.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Скопје кадешто живеела под кирија
Четириесет и тригодишна жена вчера била најдена почината во Гази Баба.
Според информациитее од МВР, таа живеела како потстанар во станот во кој ја нашле.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид, а телото на починатата е дадено на обдукција.
Црна хроника
Скопјанки се тепале пред продавница во Ѓорче
Две жени се степале пред продавница во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден, објави МВР.
„На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово, возачот побегнал
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото.
Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се случила вчера на улицата Борис Кидрич.
„Патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, велат од полицијата.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.