Свет
Москва не знае ништо за средбата НАТО – Русија
Русија не ги знае деталите од средбата меѓу претставниците на Русија и НАТО за Украина, која ја најави американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„Не знам ништо за таква средба. Ги видов коментарите на американскиот претседател за ова прашање. Обврзувачките безбедносни гаранции се предмет на понатамошна дискусија“, изјави Рјабков, а пренесува руската агенција ТАС С.
„Сѐ уште ништо не е решено, а американските најави, кои се даваат еднострано, не ни создаваат нова реалност, туку се само потсетување дека овие прашања ќе треба внимателно да се решат“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија парично ја казни апликацијата Телеграм
Русија вчера ја казни платформата за социјалните медиуми за испраќање пораки Телеграм со седум милиони рубљи (околу 64.000 евра), јавува Анадолија.
Локален суд во Москва ја казни апликацијата откако ја прогласи за виновна за кршење на рускиот закон со дозволување пристап до некои забранети содржини.
Претходно, неколку странски платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Епл, Гугл, Тикток и Фејсбук, беа казнети поради слични причини. На пример, руски суд го казни Епл откако компанијата одби да отстрани два подкасти.
Во 2021 година, Фејсбук беше казнет и со 220.000 евра затоа што не ја бришеше содржината што Москва ја смета за нелегална.
Да потсетиме, основачот на Телеграм, Павел Дуров, беше уапсен во Франција во август. Тој потоа беше ослободен, но не му беше дозволено да ја напушти Франција. Покрената е официјална истрага за наводите дека неговата платформа не се обидела да спречи измама, трговија со дрога и ширење на детска порнографија.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Свет
Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа
Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.
На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе.
Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.