Контакт

Регион

(Видео) Тепачка на протести во Србија

Објавено пред

Демонстранти во Србија денеска повторно го блокираа автопатот во Белград во двата правци.

dobivaj vesti na viber

Тие се против експлоатацијата на литиум. Клучното барање на демонстрантите е да се избрише од урбанистичкиот план на градот Лозница во западниот дел на Србија планот за изградба на рудник на компанијата „Рио Тинто“, како и да не се дозволи експлоатација на литиум во други делови на земјата.

Според последните информации од медиумите во соседството непознат маж со својот автомобил удрил во демонстрант, при што му биле искршени стаклата од автомобилот.

„Нека вози, гледаш дека е пијан. Пуштете го“, извикувале демонстрантите.

Еден од демонстрантите изјавил дека тој очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот.

Еден час траела блокадата на автопатот во Белград. Сега сообраќајот е ослободен, пишуваат медиумите.

Инаку денешниот протест е трет по ред откако демонстрантите го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.

Регион

Хрват од Истра предводел терористичка група, го поврзуваат со напади во Европа

Објавено пред

Американскиот Стејт департмент во понеделникот го прогласи колективот Терорграм за терористичка група и воведе санкции за водачите на групата. Еден од нив е Хрват од Истра.

dobivaj vesti na viber

„Терорграм е транснационална терористичка група која оперира првенствено на социјалните медиуми и платформата за дигитални пораки Телеграм. Групата промовира насилен бел расизам, поттикнува напади врз перцепирани противници и обезбедува упатства и инструкциски материјали за тактики, методи и цели за напади, вклучително и критична инфраструктура и владини претставници. Групата исто така ги слави оние кои извршиле такви напади“, се вели во соопштението што го пренесе „Индекс“.

Групата ги поттикнала корисниците на Терорграм на напади, вклучително и пукање во октомври 2022 година пред ЛГБТ бар во Словачка, планиран напад на енергетски објекти во Њу Џерси во јули 2024 година и напад со нож во џамија во Турција во август 2024 година.

Во септември 2024 година, двајца водачи на американскиот терорграм беа обвинети. Во обвинението се наведени 15 точки, вклучувајќи поттикнување на извршување злосторства од омраза, поттикнување убиства на владини службеници и заговор за давање материјална поддршка на терористите.

Стејт департментот ги објави имињата на тројцата лидери на Терорграм:

Чиро Даниел Аморим Фереира е администратор на каналот Терорграм; Фереира е бразилски државјанин кој живее во Бразил.
Ноа Ликул е висок член. Тој е хрватски државјанин кој живее во Хрватска.
Хендрик-Вал Мулер е администратор на каналот Терограм; Мулер е државјанин на Јужна Африка кој живее во Јужна Африка.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ: Инцидентот на Правниот факултет нема политичка заднина

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ утрово изјави дека е неоспорно утврдено оти инцидентот на Правниот факултет во Белград, кога неколку студенти добија полесни повреди, нема политичка заднина и дека е апсолутно сигурно оти никој однадвор не донел кого било на овој факултет за таму да направи инциденти.

dobivaj vesti na viber

„Тој настан нема никаква врска со државните органи, полицијата, безбедносните служби. Не станува збор ниту за членови на политички партии“, изјави Дачиќ за Радио-телевизија на Србија (РТС).

Наведе дека малолетник, кој не е студент, пријавил дека некој го малтретира пред Правниот факултет поради што полицијата дошла и го привела пријавениот дури подоцна утрото кога било објавено на социјалните мрежи дека имало инциденти, а полицајците ги прашале студентите од Правниот факултет, кои имале полесни физички повреди, што се случило.

„Но, не сакаа да одговорат, па ќе се изјаснат денеска во 15 часот, затоа ги поканив студентите да се изјаснат за да знаеме за што се работи“, рече Дачиќ.

Тој рече дека синоќа биле сослушани девет лица, од кои четворица биле задржани во полиција 48 часа, како и две ученички од други факултети и две средношколки, кои биле со нив.

Дачиќ денеска изјави дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум, со кој ќе се провери поддршката од граѓаните за претседателот Александар Вучиќ, бидејќи знае каков би бил резултатот.

„Ова е лакмусов тест, можете да видите дека имате работа со политичари што сакаат власт, но ако е можно без избори, бидејќи од нив не може да добијат никакви добри резултати“, изјави Дачиќ за Радио-телевизија на Србија (РТС).

Прикажи повеќе...

Регион

Пуховски: „Веќе денеска во некоја кафеана може да се степаат луѓето што гласаа за Милановиќ“

Објавено пред

Ден по убедливата победа на Зоран Милановиќ на изборите за претседател на Хрватска, раководството на ХДЗ донесе одлука премиерот и претседателот на Собранието да не одат на заклетвата на Милановиќ, односно на инаугурација.

dobivaj vesti na viber

„Зазедовме став, нема да честитаме, ниту ќе се изложиме, поради флагрантно кршење на Уставот, на апсурдна ситуација да ја слушаме заклетвата на Милановиќ кон Уставот откако тој ја прекрши во безброј наврати. Нема да одиме ниту јас ниту претседателот на Собранието“, изјави Андреј Пленковиќ во понеделникот по седницата на претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.

Дали е политички мудра и рационална одлуката на премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ, да не одат на инаугурацијата на реизбраниот претседател Зоран Милановиќ? Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека во овој случај не се работи само за личниот конфликт меѓу ‘Зоки и Пленки’, туку за односот меѓу институциите.

„Какви и да се нивните меѓусебни односи и мотиви, за сите нас однадвор, тука се работи за односите на институциите. Па, така, владејачката партија, која го има парламентарното мнозинство, одлучи премиерот и претседателот на Собранието да не одат на таа инаугурација. Тоа се протоколарни работи за кои одлучува самиот претседател на Собранието. Но, се работи за тоа дека навистина е грд, непотребен и, пред сѐ, опасен потег“, рече Пуховски.

Тоа е, вели, продолжување на практиката што ја почна Милановиќ кога на првата инаугурација не му подаде рака на претседателот на Уставниот суд, а продолжи со неприсуството на конститутивната седница на Собранието по последната парламентарна избори.

„Тоа повеќе им одговара на малите момчиња од шесто и седмо одделение од основно училиште кога се караат во училишниот двор“, додава тој.

Дрско го нарече и одбивањето на собраниските служби да ја објават честитката што Арсен Баук како претседател на собраниската комисија за одбрана ја упати до Милановиќ.

Пуховски вели дека ја разбира фрустрацијата на луѓето во ХДЗ по тешкиот пораз, особено по неуставното однесување на Милановиќ со години, но тоа не го гледа како оправдување да играат слична игра. Тој смета дека овој потег ќе доведе до дополнителна ескалација.

Според Пуховски, Милановиќ со својот помирувачки говор во изборната ноќ ја префрлил топката на ХДЗ, каде што не се подготвени да го признаат изборниот пораз. И сето тоа го кочи функционирањето на институциите и државата.

„Не гледам што би можело да се направи понатаму бидејќи, се сомневам, Милановиќ ќе го искористи ова и ќе каже дека нема да разговара со нив во следната пригода. Се доведовме до симболичен колапс, а бидејќи тоа се живи институции кои функционираат секојдневно, тоа доведува до колапс на некои елементи од секојдневниот живот, кои се суштински за одржување на заедницата. Затоа сметам дека одлуката што ја донесе ХДЗ е целосно погрешна“.

Сето тоа создава ситуација, во која, според Пуховски, ќе се негува хулиганското однесување на Милановиќ.

„Немаме две еднакви сили во оваа битка бидејќи едната страна (извршната и законодавната власт) е објективно многу посилна, што во својот говор го призна и Милановиќ. Ние, всушност, имаме лош систем, кој инаугурира поделба на извршната власт во рамките на поделбата на власта. Тоа значи дека целиот систем зависи од пристојноста и добрата волја на двајцата актери. А систем што зависи од добра волја не може предолго да функционира ниту во локалното ловечко друштво“, забележува Пуховски.

Пуховски вели дека не гледа како ќе продолжат работите.

„Партијата, која во моментот е формално послаба (извршна и законодавна власт) би морала да се сврти кон фактот дека е реално многу посилна и да почне да се однесува како надмоќна партија. Парадоксално, тој аргумент токму во својот говор го изнесе самиот Милановиќ велејќи дека 75 проценти што ги добил на изборите ги имало само во неделата. Тоа беше еднократна ситуација, тоа се случи дури тогаш. Веќе денеска можно е луѓето, кои во неделата гласале за Милановиќ, да се степаат некаде во кафeана. Ги собра незадоволните од сите страни: и оние што имаат премногу ХДЗ и оние што имаат премалку ХДЗ. И се чини дека ХДЗ не е во состојба да прифати дека сè уште е водечка сила во државата, дека треба да го диктира темпото и да го прифати повикот на Милановиќ за соработка и да види до каде може да оди“, тврди Пуховски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет1 час

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија5 часа

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија6 часа

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ7 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија8 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ9 часа

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт10 часа

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија10 часа

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...

Македонија11 часа

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Свет12 часа

(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес

Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во...

Свет13 часа

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија13 часа

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа13 часа

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа13 часа

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија1 ден

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Пуштен во употреба патот Градско – Дреново, доцни оти една година биле повлечени и вработените и механизацијата на „Страбаг“ 

Со врнежи снег утрово свечено во употреба беше пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 киломтери. За свеченоста, исто како и...

Регион1 ден

Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги

Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување...

Македонија1 ден

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија1 ден

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...