Македонија
Средба Џафери-Никола: Имаме многу што да научиме едни од други
Денес Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари работна посета во Република Албанија, при што, според предвидената агенда, се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола. Ова е втора билатерална средба на двајцата претседатели, по средбата во Атина, што е неспорен доказ дека Република Северна Македонија и соседна Република Албанија се две земји со искрени, интензивни и пријателски односи, без отворени прашања помеѓу себе.
„Фактот што сме две соседни земји кои се на истото патешествие на процесот на евроинтеграции, меѓутоа и на истото очекување на почетокот на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, што ќе го одбележи и формалниот почеток на преговорите за полноправно членство во европското семејство, е уште еден мотив и силен поттик за динамизирање и зајакнување на уште потесна соработка помеѓу нас“, било истакнато на средбата.
Двајцата соговорници заеднички констатираа дека имаме многу што да научиме едни од други и многу што да споделуваме како искуство едни со други како земји и како институции. Спектарот на соработка е широк, почнувајќи од оној меѓу-парламентарниот, на ниво на претседатели, на работни тела и на Пратенички групи за соработка, меѓутоа, и на меѓу-владино ниво, културно, образовно, здравствено и она најатрактивното за граѓаните на двете земји, односно, туристичката соработка. Се разбира, доброто инфраструктурно поврзување е императив за забрзан напредок на оваа соработка а силните национални врски се секако најдобриот мост за олеснување на оваа соработка, посочија од кабинетот на Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

