Македонија
Стоилковски: Дали Ковачевски го претставува курсот на Харвард како факултетска диплома?

Димитар Ковачевски е само пион, продолжена рака на Зоран Заев, којшто сега ќе го спроведува заевизмот. Ова го истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако вчера Ковачевски беше избран за прв човек на СДСМ.
Стоилковски праша зошто Ковачевски и СДСМ се обидуваат да продаваат лажна биографија и да фризираат факти.
„Димитар Ковачевски мора да одговори дали курсот на Харвард го претставува како факултетска диплома? Да биде појасно, се работи за платен курс, скап неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува. Ковачевски исто така треба да одговори како докторирал, како што наведува, во Црна Гора во 2008 година, Докторските студии се придружени со низа истражувања и друг вид присуство во земјата на каде што се докторира, а Ковачевски во наведениот период од 2005 до 2008 година е на раководна позиција во Македонски телеком, оттука се поставува прашањето дали тој одел на работа или посетувал докторски студии во Црна Гора. Да потсетам во исто време на докторирање, како што пишува Ковачевски, македонски амбасадор во Црна Гора е неговиот татко, поставен од СДСМ“, рече Стоилковски.
Според опозициската партија, во случајов не станува збор за нови лица во СДСМ.
„Тоа се истите стари кадри на СДСМ, деца на транзицијата, во чија кариера се провлекуваат многу дамки за кои треба и мора да одговорат“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.