Свет
Потврден температурeн рекорд на Антарктикот од 38 степени

Светската метеоролошка организација (СМО) ја потврди температурата од 38 Целзиусови степени измерена во рускиот град Верхојанск на 20 јуни 2020 година, како нов рекорд на температура за Антарктикот.
Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг, а придружен е со метеоролошки податоци од 1885 година.
Според веб-страницата на СМО, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.
Генералниот секретар на СМО, Питер Талас, изјави дека во 2020 година е поставен нов температурен рекорд (18,3 степени Целзиусови) на континентот Антарктик.
„Истражувачите во моментов работат на проверка на температурните отчитувања од 54,4 степени забележани и во 2020 и во 2021 година во најтоплото место во светот – Долината на смртта во Калифорнија и да потврдат нов европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето“, изјави Талас.
Тој истакна дека СМО никогаш не работела истовремено на потврдување на толку многу температурни рекорди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за крај на војната.
Американските медиуми јавија дека согласноста на Зеленски доаѓа по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп тој да ја прифати понудата од Путин за директни преговори.
Путин и Зеленски немаат направено директна комуникација од почетокто на војната во февруари 2022 година.
Пред да се согласи на директна средба, Зеленски кажа дека Украина е подготвена за преговори со Русија, но под услов Путин да прифати 30-дневно примирје.
„Чекаме целосен и траен прекин на огнот, почнувајќи од утре, за да се обезбеди потребната основа за дипломатија. Нема смисла да се продолжува со убивањето. И ќе го чекам Путин во Турција в четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, рече Зеленски.
По оваа изјава на Зеленски, американскиот претседател Трамп му се обрати преку социјалните мрежи му порача дека средбата мора да се одржи оти Путин не сака да преговара за прекин на огнот со Украина туку сака средба во четврток во Истанбул на која ќе преговараат за крај на крвопролевањето.
Путин пак, по ултиматумот, одговори дека Украина ги кршела досегашните примирја, но и покрај тоа предложи да се сретнат на разговори во Истанбул, овој четврток. Тој кажа дека се подготвени на разговорите да ги решат основните причини за конфликтот со Украина.
Свет
Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците.
“Јас исто така се обраќам до моќниците на светот повторувајќи го апелот: никогаш повеќе војна,” рече папата Лав денес за време на традиционалната по-велигденска порака на плоштадот Св. Петар во Рим.
Говорејќи кратко по 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, тој рече дека денешниот свет се соочува со “делчна Трета светска војна” — израз кој првпат го користел неговиот претходник папата Франциск.
Првпат по неговиот избор за папа минатата недела, Роберт Францис Превост се осврна на најголемите глобални конфликти – од руската инвазија на Украина до конфликтот во Газа.
„Во моето срце го носам страдањето на саканиот народ на Украина“, рече папата Лав.
Тој повика на доготраен мир во Украина, ослободување на воените заробеници и враќање на депортираните украински деца на нивните семејства. Зборувајќи за конфликтот во Газа, папата Лав рече дека поддржува итнато примирје, хуманитарна помош за исцрпениот цивилен народ и ослободување на заложниците .
На крајот, тој го поздрави неодамнешнато примирје помеѓу Индија и Пакистан и повика на траен мир.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.