Свет
Од мистериозна болест во Јужен Судан починаа 89 луѓе, СЗО итно испрати научници

Светската здравствена организација испрати научници да истражат болест која досега однесе 89 животи.
Станува збор за Јужен Судан, а министерот за здравство на таа земја изјавил дека засега непозната болест убила неколку десетици пациенти во градот Фангак.
Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е тоа што областа беше зафатена од една од најтешките поплави во историјата на земјата.
Како што пренесуваат светските медиуми, примероците на починатите претходно биле тестирани за колера и сите биле негативни.
„Одлучивме да испратиме екипа да оди и да ја процени ситуацијата и ризикот, како и да го истражи случајот. Ќе земат примероци од болнитe. Досега починаа 89 лица“, изјави Шеила Баја од СЗО.
Баја изјави дека тимот дошол во Фангака со хеликоптер поради големите поплави.
Пороите доведоа до ширење на болести како маларија, а проблем е и гладот кај децата, бидејќи снабдувањето со храна е слабо.
Маките на локалното население не застануваат тука, бидејќи и нивната вода е загадена, пренесуваaт агенциите.
Поради поплавите, нафтените полиња ја загадија водата, што доведе до исчезнување на животните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина.
„Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата.
Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент.
Според договорот, Украина ќе обезбеди вредни природни ресурси за да може Вашингтон да продолжи да го поддржува Киев во одбраната на земјата од руската инвазија.
„Договорот значително се промени за време на подготвителниот процес. Сега станува збор за навистина еднакво партнерство, кое создава можности за значителни инвестиции во Украина и значајна модернизација на украинските индустрии и, што е подеднакво важно, нејзините правни практики“, рече Зеленски во неговото вечерно обраќање.
„Договорот не предвидува задолжување. Тој предвидува формирање фонд за реконструкција кој ќе инвестира во Украина и ќе генерира профит. Тоа значи дека ќе работиме заедно со Америка, врз основа на фер услови, обезбедувајќи Украина и САД, кои ни помагаат во одбраната, да заработат пари во ова партнерство“, рече Зеленски.
Договорот, како што додаде, е клучен и за напорите на Киев да ги поправи односите со Трамп и Белата куќа, кои се влошија откако тој ја презеде функцијата во јануари.
Свет
Експлозија во теретана во Виена, повредени пожарникари

ЕНеколку лица се повредени по експлозија, а потоа и пожар во теретана во Виена.
Се сомнева дека експлозијата се случила во сауната на теретаната.
Набргу по експлозијата избувнал пожар.
На местото на настанот брзо пристигнале пожарникарите и брзата помош. Пожарникарите успеале да влезат во салата, а недолго потоа дошло до експлозија. Притисокот од експлозијата оддалечил двајца пожарникари и тие потоа биле повредени.
Друга екипа на пожарникари успеала навреме да го запре пожарот.
Свет
(Видео) Турската полиција на нозе: приведени 384 лица по судирите на протестите

Турската полиција приведе 384 лица кои учествуваа на денешните првомајски собири по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот градски плоштад Таксим и беа блокирани и туркани од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите, објави Ројтерс.
people who carried out a labor day protest in Turkey are detained. Lawyers who come to defend people are not taken to courthouse. Lawyers in Turkey are not taken to the courthouse #ViolenceInTaksim pic.twitter.com/lVWUmGfTot
— T26 (@sendevletmis_26) May 1, 2025
На видеата се гледаат судири меѓу полицијата во антидемонстративна опрема и насобраниот народ.
Синдикатите и невладините организации повикаа на протести и марш во Истанбул, каде во последните недели имаше масовни демонстрации поради приведувањето на градоначалникот и главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Екрем Имамоглу.
Илјадници луѓе се собраа денеска во Анкара на главно мирни маршеви и демонстрации, а собири се одржаа и во други турски градови.