Спорт
Најдобрите 23 на ФИФА се бизарни – четири фудбалери на Барса, нема место за Салах!
ФИФА го објави 23-члениот состав на најдобрите фудбалери на планетата во моментот избран од фудбалерите и на него има дури четири фудбалери на Барселона, но отсутен е, на пример, Мохамед Салах од Ливерпул.
Челси, Барселона и Пари Сен-Жермен имаат четири фудбалери во тимот од 23 фудбалери, кој на церемонијата „Бест ФИФА“ ќе биде претворен во најдобри 11 за 2021.
Серхио Бускетс, Френки де Јонг, Жорди Алба и повратникот во тимот Дани Алвеш се во изборот од Барселона, Челси го претставуваат Едуар Менди, Жоргињо, Н’Голо Канте и Ромелу Лукаку, а ПСЖ може да се пофали со Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе и Џанлуиџи Донарума. Тоа што Барселона во моментот на 8. место во Ла Лига со 18 поени заостанување зад Реал Мадрид има четири фудбалери изненади многумина.
Ова е првпат по 17 години, ФИФА да се реши за објавување на 23-члениот состав откако последните години објавуваа листа од 55 фудбалери. Голманот, тројца дефанзивци, тројца играчи од средниот ред и тројца напаѓачи со најмногу гласови ќе влезат во најдобрите 11.
ФИФПРО ИЗБОР
Голмани: Алисон Бекер (Ливерпул/Бразил), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Милан/Италија), Едуар Менди (Челси, Сенегал).
Дефанзивци: Давид Алаба (Баерн М/Реал М/Австрија), Жорди Алба (Барселона/Шпанија), Трент Александер-Арнолд (Ливерпул/Англија), Дани Алвеш (Сао Пауло/Барселона/Бразил), Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија), Рубен Дијаш (Манчестер сити/Португалија).
Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона/Шпанија), Кевин де Брујне (Манчестер сити/Белгија), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед/Португалија), Френки де Јонг (Барселона/Холандија), Жоржињо (Челси/Италија), Н’Голо Канте (Челси/Франција).
Напад: Карим Бензема (Реал М/Франција), Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер јунајтед/Португалија), Ерлинг Халанд (Борусија Д/Норвешка), Роберт Левандовски (Баерн М/Полска), Ромелу Лукаку (Интер/Челси/Белгија), Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција), Лионел Меси (Барселона/ПСЖ/Аргентина), Нејмар (ПСЖ/Бразил).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
„Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни.
„Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на репрезентацијата и на македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија, ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт.“
„На заедничко задоволство, ќе ја продолжам соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на репрезентацијата, особено во мојата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за довербата и поддршката што ми е укажана.“
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност, ќе продолжиме да работиме на напредокот на репрезентацијата и достојно претставување на Македонија, со фокус на стабилност и долгорочни резултати., рече селекторот Лазаров.
Foto/ EPA/Christopher Neundorf
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA

