Црна хроника
19-годишен скопјанец ограбил продавница

19-годишен скопјанец потпомогнат од уште едно лице со употреба на сила извршиле кражба во маркет во Скопје.
Имено во 23:15 часот на бул. Илинден во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје.
Тој се сомничи дека претходно околу 22:55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.Илинден. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.
За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од прилепско оштетил апарати за игри на среќа, па случајот го пријавил во полицијата

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) прилепско село, поради затајување и лажно пријавување на кривично дело.
„На 20 мај, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари“, се вели во полицискиот билтен.
По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со подесен алат.
Црна хроника
Тројца млади луѓе нападнале пешак за да му го украдат телефонот, упасени во Гази Баба

Поливијата ги приведе М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје на подрачјето на Гази Баба поради разбојништво.
„Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото“, соопшти МВР.
Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
Топ
Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците 44-годишната А.Б. од Охрид и 52-годишниот Д.П. од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник, 19-годишниот К.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.