Македонија
Движењето Беса: Речиси еден месец целата политичка сцена е во хаос а власта се држи на стаклени нозе
Сведоци сме дека во овој период секој неуспех, корупција, несреќа и друга девијантна акција во нашето општество, актуелната власт се обидуваше да го прикрие наводно со добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Движењето Беса, преку своите конзистентни политики во овој период молчеше, не затоа што немавме за што да зборуваме, туку бевме убедени дека нема да има датум за преговори, им дозволивме на владините експоненти со помош на некои политичари да го претстават нивниот филм дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ, велат од таму.
Според движењето Беса, недобивањето датум од страна на ЕУ уште еднаш докажува дека оваа власт е делегитимирана и дека политичкото дејствување на движењето Беса да не седи во власт со партии и експоненти кои криминалот и корупцијата сакат да ги покријаат со евроинтеграциите, заробувањето на државата и тенденциите за претворање во хибриден режим се доволен доказ, како што потенцираат, дека што побрзо земјата треба да оди на предвремени избори и легитимитетот да се врати кај народот и оттаму да изникне новиот политички легитимитет на избраното мнозинство од страна на граѓаните со што ќе го свртат евроинтегративниот курс на земјата, не само во декларативна форма, туку и на дело и со конкретни чекори.
„Убедени сме дека покрај ветото од страна на Бугарија, неодамнешните настани во државното собрание, формата на притисок врз пратениците и сите оние кои не мислат исто како владата се дополнителна причина ЕУ да ја изгуби вербата дека оваа влада може да биде достоен партнер за преговори. За жал, како што за време на режимот Груевски-ДУИ граѓаните беа поделени на патриоти и предавници, така и денес оваа власт се обидува да ги подели на про-еу и анти-еу, што и во тој режим, па и во овој режим служи само за покривање на криминалот, корупцијата, неуспехот и неспособноста на власта“, велат од Беса.
Движењето Беса уште еднаш ги потврдува политичките ставови, како што велат од таму дека Северна Македонија има итна потреба од реконфигурирање на политичката сцена со тоа што ќе се дозволи доаѓање на политички сили кои ќе бидат подготвени да работат во овие димензии: политичките пазарења да ги заменат со долгорочни политички стратегии, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како и целосно обелоденување на неодамнешните случаи кои се идентификувани како несреќи, економско закрепнување со отстранување на бариерите за странските инвеститори кои бегаат од Северна Македонија бидејќи некој бара финанциски придобивки, надворешна политика заснована на целосно партнерство и постојан дијалог со сите страни кои сакаат да помогнат во интеграцијата на земјата во ЕУ.
Од Беса повторуваат дека единствената опција на Северна Македонија е интеграција во ЕУ. Таква интеграција, велат, може да се направи само со нова влада, со целосен легитимитет од народот, посветена на длабоки реформи и со врвен приоритет во борбата против криминалот и корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

