Економија
Шахпаска: Вработувањето на младите ќе биде приоритет
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работниот состанок на Управувачкиот комитет на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија Е4Е“, поддржан од Швајцарската агенција за поддршка и развој. На средбата која се одржа во Министерството за образование беше и министерката за образование Мила Царовска, како и новата амбасадорка на Швајцарија Вероник Улман и тим-лидерот на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ Курт Вунтрих.
На состанокот се разговараше за досегашните резултати од Проектот од фаза еден и целите кои треба да се постигнат во втората фаза на Проектот (2022 – 2026) во која се вклучени политиките и мерките за вработување на младите луѓе. Нагласена беше потребата од поголема квалификувана работна сила и развој на вештините, дуалното образование на младите со кое уште во текот на средното образование се насочуваат кон професиите барани од компаниите и учење низ пракса.
Според министерката Шахпаска, проектот Е4Е во изминатиов период главно беше насочен кон поддршката при имплементирањето на политиките за вработување, пред сè во креирање ефективна, ефикасна ориентација кон потребите на пазарот на трудот. Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд, а особено на имплементацијата на Гаранција за млади.
„Имплементацијата на оваа програма преку Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во нашата држава даде исклучително позитивни искуства и резултати, но сепак сè уште има предизвици со кои се соочуваме и кои мораме да ги надминеме. Таа беше насочена кон финансирање на работилници за обука на теренските работници задолжени за изнаоѓање и мотивирање на млади од 15 до 29 години да се вклучат во Гаранцијата за млади“, рече Шахпаска.
Таа информираше дека во Оперативниот план за вработување 2021, за првпат се вградени три принципи: справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на Ковид-19 со кој приоритет се дава на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата, принципите на диверзитет и инклузивност и принципот за еднаков регионален развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)